Утрoво во Гевгелија починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева, неколку часа пред нејзината ќерка да биде уапсена по барање на Обвинителството за организиран криминал.
Обвинителката Вилма Рускоска на денешената прес-конференција рече дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.
Јанева беше приведена денеска во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде имаше налог да ѝ биде одземен компјутерот и други предмети.
ОЈО побара притвор за Јанева. Се очекува таа да биде изведена пред судија на претходна постапка.
Во моментов од домот на Јанева, во скопската населба Козле се изнесува мебелот кој веројатно е доказен материјал.
М. И.