Осумнаесетгодишниот Вукашин Ц., кој на 01.11.2024 година беше тешко повреден при пад на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, денеска им подлегнал на повредите, соопштија официјално од ВМА, пренесе Еуроњуз.
На 29 јануари Вукашин од Клиничкиот центар во Војводина бил префрлен на Воено-медицинската академија во Белград на продолжување на лекувањето.
„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и компликациите кои настанаа. Испраќаме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот В.Ц.“, се вели во соопштението на ВМА.
Бројот на жртвите при падот на настрешницата на Железничката станица достигна 16.