Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје.
Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години додека, во 2013 година, стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј XII во 1415 година, пренесува Би.Би.Си.
Бенедикт ги поминал своите последни години во манастирот Матер Еклезијае (Mater Ecclesiae) во рамките на ѕидовите на Ватикан.
Неговиот наследник папата Франциско рече дека често го посетувал таму.
„Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт XVI почина денеска во 9:34 часот во манастирот Матер Еклезијае во Ватикан“, се вели во соопштението од Ватикан.
Н. А.