Почина Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден ноќта на 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Смртта на Панчо ја потврдија и од Јавното обвинителство и информираа дека ќе издадат наредба за обдукција, за лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба.
Дел од медиумите објавија дека Панчо починал утрово во 10 часот, по долго лекување во приватната болница „Систина“.
Панчо, како што пишуваа медиумите, извесно време бил во кома, а за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.
OJO покрена постапка пртив Блажев која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеше дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката. Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција.
Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица и 200 беа повредени. Првично меѓу загинатите беа осум члена на групата ДНК. Загина вокалот Андреја Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.