По речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места, денеска во Собранието почна седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на уставни судии, пренесува МИА.
Претседателката на Комисијата, пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска, рече дека седницата ја закажала откако пратеници усно ја информирале дека ќе достават предлози за нови уставни судии.
Таа изрази очекување дека колегите на седницата ќе ги презентираат предлозите за кои треба да се отвори расправа и оти ќе отпочне постапката во Комисијата, којашто, рече е целосно согласно со Уставот.
Пратеникот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов со процедурална забелешка дека нема критеруми за избор на уставен судија и каква надлежност имаат пратениците да предлагаат уставни судии, кои, рече, треба да бидат чувари на уставноста а не партизирани.
– Уставниот суд е чувар на уставноста и не можам да разберам долго време да не се уреди оваа материја, уште полошо што нема критериуми за избор на уставен судија, пишува само дека треба да е истакнат правник. Врз кои критериуми ние можеме некого да предложиме, немаме таква деловничка можност, бираме судии од највисоките функции во државата, а ние сега вака ќе предлагаме судии и повторно Уставниот суд ќе биде партизиран и нема да работи во функција на заштита на законот, оцени Трајанов.
Георгиевска одговори дека тоа е тема за друга дискусија и дека тоа што треба да го сработи Комисијата е во согласност со Уставот.
– Законското решение тоа не ни го дава, но дајте да се договориме предлозите да ги видиме и луѓето да се претстават кај нас. Има луѓе од фелата кои не сакаат партијата да ги предложи. Дајте рок да ги разгледаме „сивијата“, да ги разгледаме имињата, да направиме дискусија да слушнат и медиумите и на крај да го направиме подостоинствен изборот. Во наш интерес е да ги одредиме правилата на игра, рече Мицевски.
– Би сакал тие да бидат повеќе на број, каде што и власта и опозијата ќе дискутираме на основа на предложенуте кандидати. Не би сакал да менуваме правила на игра – овде е утврдена општа пракса, ќе има повеќе денови расправа, денеска да почнеме со работа, процесот ќе трае, но на никој не може да му се ускрати можноста за дебатирање, јавноста ќе суди, ќе дебатираме, рече Велковски.