Повеќе претставнички и претставници на ЦИВИЛ вечерва беа на плоштад „Македонија“ во Скопје на настанот #SaveUkraine и со тоа уште еднаш ја искажаа својата поддршка на борбата на Украина за слобода.
На настанот присуствуваа стотици граѓанки и граѓани, активист(к)и од граѓанскиот сектор, украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук, американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, министерката за одбрана Славјанка Петровска и други го следеа хуманитарниот концерт во кој светски музички ѕвезди денеска пееја за спас на Украина.
Настанот во Скопје го организираше Амбасадата на Украина во земјава, од каде порачаа дека целиот свет е сведок на бруталната војна која Руската федерација ја започна и ја води во Украина.
На концертот под мотото „Спас за Украина“ настапија украински и светски музички ѕвезди како Јамала, Руслана, Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, „Ју-Ту“, Мадона, Елтон Џон и многу други.