„Не очекувам, но посакувам да имаме кристално чиста изборна кампања“ одговори еден граѓанин, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, каква кампања очекуваат тие и кои се оценките за досегашната кампања. Тој смета дека кампањата до сега е катастрофална!
Друг пак вели дека најмногу му пречи некултурата во кампањата, „некултурни се, не се однесуваат добро“ вели тој.
„Фер, коректна и културна, без навреди. Достоинствена како што ние сме достоинствен народ“, вели една граѓанка. Што се однесува до оценката на досегашната кампања за претседателските избори таа се уште нема конкретен став, но смета дека кандидатите не се доволно подготвени.
Друг граѓанин вели дека очекува подобра кампања од оваа што се води сега. „Не се води кампања за претседател, туку како да има парламентарни избори“, рече тој.
Меѓу скопјани и скопјанки налетавме и на такви кои „не ги интересира политика“.
М. Ивановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети