• Latest
Фото: „Сина светулка“

Подготвен прирачник за вработување на лица со аутизам

October 3, 2023
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Подготвен прирачник за вработување на лица со аутизам

October 3, 2023 12:32
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: „Сина светулка“

Фото: „Сина светулка“

Share on FacebookShare on Twitter

Прирачник за поддршка на работодавачи при вработување на лица со аутизам е изработен во рамки на Еразмус + проектот: „Labor Inclusion for People with Autism“ („LIPS“), информираа денеска од Здружението за унапредување на квалитетот на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“.

Специјалните едукатори и рехабилитатори од државата кои со нивните колеги од неколку европски држави го изработија прирачникот велат дека дава сеопфатна слика за создавање на ресурси за поддршка на работодавачите кои сакаат да го негуваат невродиверзитетот во нивните компании, а лицата со аутизам да ги искористат своите капацитети, потенцијали и таленти за поголема продуктивност во работата.

– За потребите при изработка на прирачникот во април, годинава анкетирани над 250 бизнис компании на подрачјето на Северна Македонија кои ги наведоа проблемите и пречките со кои се соочуваат при вработување на лица со каков било степен на попреченост, почнувајќи од: недостаток на обуки со кои би добиле релевантни информации како да вработат такво лице, кои се предностите од вработување на лице со аутизам, како да ја оспособат средината во однос на потребите на овие лица, немање доволно обуки за бизнис секторот да обрне внимание за лицата кои имаат аутизам, но немаат тешкотии при учење и слично, изјави м-р Анита Младеновска, специјален едукатор и рехабилитатор.

Како што појаснува Младеновска, по добиените податоци, партнерите од проектот од: Шпанија, Словенија, Полска и од државата го  подготвиле прирачникот кој содржи над 40 страници практични и прецизни совети за работодавачите,  надминување на стигмата за аутизмот, карактеристиките на состојбата, потребата и важноста од вработување на аутистично лице, споделување практики од поразвиените европски земји, какво е вработувањето во мала, средна, голема компанија, како и кои се најважните совети за успех и како да се надминат опасностите при вработување на лица од спектарот на аутизмот.

Прирачникот е изработен во септември годинава и е достапен на македонски јазик, со што работодавачите добиваат поконкретна слика како да креираат соодветни услови за работа за лицата со нарушување од спектарот на аутизмот.

-Во прирачникот не станува збор за воведување на нови работни места, туку структурирање и подобро функционирање на работното место со: воведување точен план на активности, задачи и ред. Однапред подготвените протоколи и услови обезбедуваат повисока продуктивност во работата и намалување на можноста за заситување и професионално согорување, вели д-р Јасмина Трошанска, специјален едукатор и рехабилитатор.

Прирачникот е достапен во електронска форма на македонски јазик на страницата на Здружението за унапредување на квалитетот на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“.

Tags: аутизамЕразмус+
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ