До партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ, пристигна кандидатура за претседател на партијата потпишана од 50 делегати за Христијан Мицкоски.
Во кандидатурата се наведува дека “Врз основа на член 34 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ ние како делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ покренуваме формална иницијатива за номинација на проф. д-р Христијан Мицкоски во изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу потпишаните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Мицкоски се и пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошески, Ели Панова, градоначалниците Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, Александар Стојкоски, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Борче Митевски, Стевче Трпковски, Коста Маневски, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Борче Јовчески.
Потписници на кандидатурата се и претседателите на униите, Жаклина Пешевска Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на Унија на млади сили, претседателот на Патриотскиот институт Александар Пандов, како и директорот на Центарот за комуникации Луке Галески и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Меѓу потписниците се Владимир Нелоски, Борко Ристовски, Илија Димовски, Оливер Шамбевски.