• Latest

Поднесено е обвинение против две лица за убиството на Никола Саздовски

September 11, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поднесено е обвинение против две лица за убиството на Никола Саздовски

September 11, 2018 13:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката „притвор“ против две лица за сторено кривично дело „убиство“ од Кривичниот законик. На обвинетите им се става на товар дека заеднички и на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски.

Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, обвинетите на 29 јуни 2018 година околу 17:45 часот на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на оштетениот и му побарале лична карта. Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите. Од силните удари оштетениот загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите без милост, истовремено и со силни удари продолжиле со клоци да го удираат по главата и градите. Од ударите оштетениот се здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот и западнал во коматозна состојба. Тој бил пренесен во ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Истиот ден бил пренесен во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, Одделение за анестезија и реанимација, каде на 3 јули 2018 година била констатирана мозочна смрт. Како резултат на здобиените повреди на 9 јули 2018 година оштетениот починал.

Истовремено со поднесување на обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје предложи против двете обвинети лица да биде продолжена мерката притвор согласно член 165 став 1 точка 1 и 2 од Законот за кривична постапка, бидејќи ценеше дека постои опасност од бегство и постои оправдан страв дека во текот на кривичната постапка обвинетите ќе влијаат на сведоците.

– Поднесувањето на обвинителниот акт следи по спроведена истражна постапка против двајцата обвинети за кривичното дело за кое што се обвинуваат. Во текот на истражната постапка обвинетите беа испитани и дадоа своја одбрана пред надлежен јавен обвинител. Согласно член 302 од Законот за кривична постапка пред завршување на истражната постапка писмено беа известени обвинетите и нивните бранители за да извршат увид во обезбедените докази. При вршење на увидот тие не предложија прибавување на други докази во текот на истражната постапка, велат од Обвинителството.

Против третото осомничено лице, за кое Обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, согласно член 300 од Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител донесе наредба со која ја прекина истражната постапка. Имено, со оглед на тоа што трето осомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. 

Tags: Никола СаздовскиобвинениеОЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ