• Latest

Поднесено обвинение за креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“​

April 26, 2021
Ерол Ризаов

Мицкоски загрижен за опстанокот на СДСМ

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hillel Fuld

Шокантни податоци за третманот на ЛГБТК+ заедницата од власта на Хамас во Газа

June 24, 2025

24 ЧАСА: Во Брисел усвоен извештајот на Вајц за Северна Македонија; Прекин на огнот меѓу Израел и Иран; Србија го запре извозот на оружје под руски притисок

June 24, 2025
фото: скриншот

Мицкоски за извештајот на Вајц: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули

June 24, 2025
фото: принстскрин Влада

Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

June 24, 2025
Обука на НАТО за откривање и отстранување на експлозивни направи.

Заложувањето на Европа да троши повеќе за војската ќе им наштети на климатските и социјалните програми

June 24, 2025

ЕУ може да преземе мерки против Израел ако условите во Газа не се подобрат

June 24, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за Парадата на Гордоста во Скопје?

June 24, 2025
фотo: Фејсбук профил на Петар Богојески

Богојески нема да директорува со Агенцијата задолжена за „Еразмус“, притисокот од јавноста и ЕУ даде резултат

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

(ВИДЕО) Трамп користејќи пцовки изрази незадоволство од Израел и Иран поради прекршувањето на примирјето

June 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Поднесено обвинение за креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“​

April 26, 2021 12:30
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија. Надлежниот јавен обвинител, до Основниот кривичен суд – Скопје, достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, информираат од обвинителството.

Според обвинението, во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

На социјалната мрежа „Телеграм“ оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на пред истрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

Дополнуваат дека предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка.

– Основното јавно обвинителство Скопје преку Министерството за внатрешни работи на 27.01.2021 година се обрати до Меѓународниот сервис провајдер за услуги – Телеграм, за да ги добие реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата. До овој момент од социјалната мрежа „Телеграм“ не е добиен одговор на ваквото барање. Овие податоци се неопходни со цел да се утврди идентитетот и Обвинителството да може кривично-правно да постапува против лицата инволвирани во оваа група, стои во соопштението.

Од тие причини, како што велат, Јавното обвинителство ги искористи и механизмите на меѓународна правна помош, па согласно позитивните домашни и меѓународни прописи, податоците ги побара од Обединетото Кралство меѓутоа до овој момент не е пристигнат одговор на ова барање.

Дополнуваат дека за утврдување кривична одговорност во групата „Јавна соба 2“, согласно својата надлежност, постапуваат повеќе јавни обвинителства во државата помеѓу кои Основното јавно обвинителство Велес, Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Прилеп, и во Кавадарци.

Во зависност од обезбедените вербални и материјални докази во текот на претходната постапка овие предмети поврзани со групата „Јавна соба 2“, ќе биде одредена и правната квалификација која ќе произлезе за наведените кривично-правни настани

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ