• Latest
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Луксуз за функционерите, немаштија за граѓаните

August 29, 2025

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Луксуз за функционерите, немаштија за граѓаните

August 29, 2025 13:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Илустрација: ВИ

Илустрација: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето на власта дека народот денес живее побогато од порано предизвика лавина реакции.  Наместо согласност, јавноста возврати со критики, сарказам и гнев – опишувајќи го како „навредливо извртена слика на реалноста“, одоговарајќи на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

„Власта живее премногу богато, а народот мизерува,“ велат многумина. Според нив, функционерите се збогатуваат од сиромаштијата на граѓаните, не придонесуваат за економијата и ретко се појавуваат на собраниски седници. „Се грижат само за лични интереси и патни трошоци,“ е еден од коментарите.

Граѓаните реагираат и на начините на комуникација: „Досадни, демоде, наметливи, папагалски – постигнуваат спротивен ефект.“ Некои забележуваат дека политичарите се слушаат само пред избори, а потоа „цел мандат крадат и спијат“.

Економскиот аспект е централна точка на незадоволството. „Ако платите се зголемат за 10%, цените растат барем за 50%. Како тоа живееме побогато?“ прашуваат читателите. Други додаваат: „И јас би живеел подобро со 2.500 евра плата плус тендерче.“ Предлогот што се повторува е функционерите да пробаат барем еден месец да живеат со плата на просечен работник – за да ја почувствуваат реалноста.

Се јавуваат и саркастични забелешки. „Следната изјава ќе биде дека ЕУ не е подготвена да нè прими за да не им го покачиме GDP,“ вели еден граѓанин. Друг додава: „Народот не живее – тој само игра улога во претставата „Живот“.

За многумина, суштината е јасна: властите си дозволуваат да ја потценат интелигенцијата на луѓето. „Владата си живее многу поубаво и ја потценуваат интелигенцијата на народот,“ гласи една од реакциите.

Меѓу пораките што се издвојуваат е и оваа: „Полн стомак на празен не верува. Нема потреба да се објаснува – тие никогаш нема да сфатат.“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ