• Latest

Подобрување на условите во АРМ

October 19, 2018
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Подобрување на условите во АРМ

October 19, 2018 15:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се трудиме да ги подобриме условите за работа во Армијата, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која присуствуваше на вежбата „Македонски блесок 14” на армискиот полигон Криволак, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Васко Ѓурчиновски.

– И покрај тоа што и нашата армија се соочува со многу предизвици, реално, според оценките на сите во НАТО, ова беше делот за кој што бевме добро подготвени, за кој имавме и резултати и за што веќе сме создале доверба. Тоа е резултат на многугодишен ангажман на сите вас од Генералштабот, до сите команди, до секој војник. Така да сакам да ви честитам и да ву кажам дека се трудиме и се трудам да ги подобриме условите за работа, за вашиот ангажман, да ја започнеме реалната модернизација на армијата, да покажеме дека армијата се грижи и државата се грижи за сите припадници. Кога организирате вакви настани и кога се покажувате во најдобро светло, ми давате и мене аргументи за да барам повеќе, за да обезбедам повеќе и затоа честитки и во името на сите останати, навистина ми беше чест и задоволство да се биде со вас и така продолжете и понатаму, им се обрати таа на учесниците во вежбата.

Во рамки на воената вежба „Македонски блесок 14”, денеска на армискиот полигон Криволак се демонстрираше нивото на борбена готовност на дел од декларираните единици на АРМ-декларирана чета на воена полиција и капацитетите за поддршка на операциите водени од НАТО.

Во рамки на „Македонски блесок 14“ исто така се изврши увид во армиските можности за структурирање, функционирање и оспособеност на декларираната Копнена маневарска болница (КМБ), да одговори на побарувањата за претстојното НАТО медицинско оценување.

На вежбата „Македонски блесок 14“ се изврши НАТО преоценување на „ниво 2“ на декларираната чета на Воената полиција, како и првпат внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената Маневарска Болница со улога 2.

Декларираната чета на воената полиција е дел од силите на Концептот на оперативна способност на НАТО, па како негов составен дел подлежи на валоризација на своите персонални и материјални капацитети согласно НАТО стандардите.

Во 2015 година, единицата ја потврди оспособеноста за рамноправно учество во операции за поддршка на мирот, а на оваа вежба се стреми да ја потврди борбената готовност и со тоа по вторпат да го покаже професионализмот, што е неодвоив дел од функционирањето на единицата, појаснија армиски претставници.

– Како мал куриозитет би го истакнал фактот дека во 2008 година, токму оваа чета на воената полиција и средниот пешадиски батаљон , ја отворија вратата на процесот на континуирано потврдување на интероперативноста и борбената готовност на дел од единиците на АРМ, во рамки на концептот за оперативни способности. Низ серијалот на национални вежби „Македонски блесок”, успеавме да го кренеме нивото на обученост на декларираните единици, но исто така постигнавме и високо ниво на подготвеност за планирање, организација и реализација на меѓународни вежби, рече генерал мајор Павле Арсоски, командант на ЗОК.

Покрај оваа вежба која се изведуваше оваа недела и билатералната вежба „Предизвик” со Армијата на Словенија во 2018 година, припадниците и единиците на здружената оперативна команда, нагласи, учествуваа во 15 меѓународни вежби од кои 10 штабни и пет теренски.

– Во согласност со планот за 2019 година, планирано е зголемување на учество на околу 20 меѓународни вежби, акцентот го ставаме на две вежби за нивно планирање и организација кои ќе се реализираат во Македонија.За двете вежби тимовите за планирање од ЗОК веќе работат со полна пареа. Овие амбициозни прокеции се само доказ повеќе за позитивните придобивки од нашиот успешен од низ концептот на оперативните способности за НАТО пресликан преку серијалот на вежби Македонски блесок 2014”, додаде Арсоски.

Во рамки на вежбата, на денот за високи гости, присуствуваа високи национални воено-политички претставници. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ