ВИКТОРИЈА ПОШТАЛ
Реториката на Руската Федерација во процесот на преговори постепено се менува, но на Москва и треба уште малку време да разбере во каква ситуација се наоѓа.
Вака за руските медиуми ситуацијата ја коментира Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот.
Според него, четвртата рунда преговори ќе се одржи по разработкта на „правните формати“.
„Штом ќе се развијат меѓусебните правни формати, ќе биде закажан состанок – четвртата рунда преговори. Тоа може да биде утре, задутре“, рече Подољак во недела, 13 март.
Според него, договорот меѓу Русија и Украина треба да содржи неколку позиции. Пред се, станува збор за прекин на непријателствата и повлекување на руските трупи од територијата на Украина.
„Третиот дел е мировен договор. Како ќе се гарантира мирот. А потоа се враќаме на клучната точка околу која се гради се – безбедносни гаранции за Украина за да не се повторат вакви ситуации“, – истакна советникот на шефот на кабинетот на претседателот.
Преговорите ќе се фокусираат и на обновување на уништената инфраструктура. Украинската страна за ова очекува компензација од Русија“, рече Подољак.
„И уште еднаш нагласувам: руската страна веќе гледа многу поадекватно. Но, мора да помине уште малку време за 100% да ја разберат ситуацијата во која се најде Русија, а не Украина“, рече Подољак.
Исто така, според него, конечните договори најверојатно ќе ги потпишат претседателот Владимир Зеленски и Владимир Путин.