• Latest
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

Извештај од Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани, 27 август 2025

August 27, 2025 17:45
in АНАЛИЗИ, ДИСКУРС, ТОП 5
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Долгогодишните поддржувачи и апологети на руската неиспровоцирана воена агресија врз Украина меѓу македонските портали, во секојдневните настојувања да ја оправдаат „инвестицијата“ во нив за ширење на руската пропаганда и проруските наративи во земјава, со радост и нескриено задоволство (како што може да се заклучи од насловите на објавените текстови),  ја дочекаа информацијата лиферувана од украинскиот проект за мапирање „Дипстејт“- дека руските сили ја пробиле линијата на фронтот кај Днипропетровск и сега контролираат две села во границите на Днипро, Запорижке и Новогригоривка.

Иако кај дел од нив ( но не во сите) во самиот текст  може да се прочитаат и спротвставени изјави од украинската војска, која потврди дека имало навлегување на нејзина територија, но, како што објави подоцна Генералштабот на вооружените сили на Украина, напредувањето било запрено и руските сили не успеале да ги освојат селата Запорожке и Новохеорхиевка во областа Днипропетровска, со напомена дека активните борби се уште се во тек во регионот.

Со наслови како: РУСИТЕ НАВЛЕГЛЕ ВО ЦЕНТРАЛНА УКРАИНА? Трупите напредуваат во Дњепропетровск, надвор од границата на Доњецк; Руските трупи навлегоа во клучниот регион на Дњепропетровск; Руската војска зазеде неколку делови од украинската Дњепропетровска област; Русите со голем продор во Украина – Ова се деталите; Русија навлегла во четвртиот по ред најголем град – Украина официјално потврди борби, овие медиуми само се ставаат во служба на руската пропагандна машинерија, ширејќи ги пропагандните наративи на Кремљ, особено ако се има предвид, а за тоа овие медиуми се секако свесни, врз база на своето долгогодишно новинарско искуство, дека поголем дел од читателската публика преферира да го прочита само насловот, и врз база на него да извлече заклучоци, без притоа да обрне внимание на содржината во текстот.

Како што претходно објави ЦИВИЛ Медиа  врз основа на сознанијата на Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ) забележливо е зголемено присуство на содржини со руски пропагандни наративи во пресрет на локалните избори.

Според наодите на ЦХТМ, дел од македонските медиуми се потрудиле да заземат водечки позиции и во регионот, кога станува збор за ширење на руските пропагандни наративи.

Така, неколку македонски медиуми со забележителна проруска уредувачка политика, ќе објават текст со наслов: „Русија има нов вид беспилотни летала: Украинците во паника“, кој е целосно во улога на ширење на руските пропагандни наративи.

Иако се повикуваат на текст преземен од Скај њуз,  оригиналниот текст е со очигледно поинаков наслов: „Russia is mastering a new type of drone that cannot be jammed – and the West has work to do“ („Русија совладува нов тип дрон кој не може да се блокира – а Западот има работа да заврши).

За разлика од оригиналниот, насловот објавен на овие портали е идентичен, како по договор по налог од истиот нарачател, со цел да ги величаат големите успеси на руската воена машинерија, која, да не заборавиме, изврши неиспровоцирана воена агресија врз Украина, а дроновите најчесто ги користи за напади врз украинската цивилна инфраструктура, станбени населби и за убивање на невини украински цивили.

Дополнително, ако досега функционираше разработената шема руските пропагандни наративи својата кулминација да ја имаат на српските портали, приклонети кон руската пропагандно медиумска сфера, сега се чини дека работите добиваат обратен тек, и пропагандата на Кремљ како да наоѓа по плодна почва во медиумите во северна Македонија.

Така, текст со речиси идентичен наслов како оној на македонските портали, само во српска транскрипција –„ БРИТАНСКИ МЕДИЈИ: Украјина у паници, Русија има нову врсту дронова који су смртоноснији“, според пребарувањето на интернет, објавил само српскиот провладин портал Политика.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија.

Руската пропагандата, преку погодни медиуми во Северна Македонија, која е членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, се стреми да ги прикаже ЕУ како лицемерна, корумпирана или непријателски настроена, а НАТО како „окупатор“, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

Tags: проруски македонски медиумируска пропаганда и дезинформации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ