• Latest

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар?

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија со решение од 19 август 2025 ја запре постапката за преземање на Стопанска банка а.д. Битола по барање на Алта Гроуп ДОО Белград. Одлуката е доставена до банката на 25 август (арх. бр. 02-10332/1). Според образложението, постапката е запрена поради промена на преземачот во рамки на истата групација, а не поради откажување од намерата. Алта Груп навела дека останува при намерата за преземање на Стопанска банка Битола, со тоа што ќе има измена во субјектот кој ќе се јави како формален преземач.

Овој развој следи по анализата СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка? што ЦИВИЛ ја објави на 23 август, два дена пред соопштувањето за ова решение – анализа во која се разгледуваат политичко-економските импликации од најавеното преземање.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Нашиот страв е: ако ги направиме уставните измени, што ќе се случи ако за шест месеци Бугарија повторно дојде со барања поврзани со историјата, идентитетот или јазикот? Ако утре земјите членки ни кажат дека треба да направиме повеќе во областа на владеењето на правото или доброто управување – тоа го разбираме. И не само што го разбираме, туку го чувствуваме како наша обврска“, изјави  министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. 

РЕГИОН

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

Соединетите Американски Држави по шести пат ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС (Нафтена Индустрија Србија), во сопственост на руската „Газпром“, соопшти српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ. Санкциите се одложени до 26 септември, изјави Ѓедовиќ-Хандановиќ, додавајќи дека целта е НИС да биде отстранета од листата на санкции на Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД.

СВЕТ

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

Два германски борбени авиони „Еурофајтер“ беа испратени да пресретнат руски извидувачки авион Ил-20 над Балтичкото Море на 26 август. Командата на НАТО даде наредба за пресретнување на Ил-20, кој леташе со исклучени транспондери и без да поднесе план за лет. Германските борбени авиони полетаа од воздухопловната база Росток-Лаге.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Јагода долго време се думаше како да му испрати тајна порака на Цветко. Затоа го побара најдоверливиот курир Трајче.

„Кај си?“, го праша таа во краткиот разговор на Сигнал.

„Во братска Србија“, ѝ одговори Трајче гордо.

Тој ѝ објасни на претседателката на Нашата Околија – никогаш Северна – дека српскиот четнички војвода во Околијата го испратил во братска Србија, за да му помогне на Вождот од Белиот Град во борбата против западниот империјализам и лудите четници што сакаат да го симнат од престолот“, САТИРА на Џабир Дерала „Јагода и вестите“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ