• Latest
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

Руски извидувачки авион Ил-20 леташе над Балтичкото Море со исклучен транспондер и без да поднесе план за лет. Два германски борбени авиони „Еурофајтер“ беа испратени да го пресретнат.

August 27, 2025 10:50
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Фотографија од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Share on FacebookShare on Twitter

Два германски борбени авиони „Еурофајтер“ беа испратени  да пресретнат руски извидувачки авион Ил-20 над Балтичкото Море на 26 август, објави Дојче Веле (DW).

Командата на НАТО даде наредба за пресретнување на Ил-20, кој леташе со исклучени транспондери и без да поднесе план за лет. Германските борбени авиони полетаа од воздухопловната база Росток-Лаге.

Сегашната операција беше веќе десеттиот лет на тревога на авиони на германските воздухопловни сили над Балтичкото Море од почетокот на годината, објави новинската агенција ДПА.

Ситуацијата во балтичкиот регион неодамна стана напната поради обиди за шпионажа и наводни акти на саботажа. Руските извидувачки авиони постојано летаат од Калининград за да соберат информации за воената активност на НАТО на балтичкиот брег, особено во Полска, Германија, Данска и Шведска. Ваквите летови се сметаат за дел од „руските воени тактики за заплашување и собирање разузнавачки информации“, напиша претходно германскиот весник „Билд“.

Бројот на конфликтни ситуации во Балтичкото Море меѓу Русија и европските земји-членки на НАТО ќе се зголеми, предвидуваат безбедносните експерти.

Европа треба да се подготви за нова фаза на ескалација на конфликтот со Русија во балтичкиот регион, изјави на 24 јули за ДВ Хелге Адриан од Фондацијата за наука и политика (SWP) со седиште во Берлин.

Адрианс очекува забележително зголемување на случаите на „придружба на руски танкери во сенка од страна на руската морнарица низ Северното и Балтичкото Море“. Следното ниво на ескалација на конфликтот во балтичкиот регион со Русија, според него, е „веднаш зад аголот“.

Д. Мишев

 

Tags: германски борбени авиониНАТОпресретнат руски извидувачки авион Ил-20 над Балтичкото Море
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ