Додека трае техничката пауза, работните подгрупи ќе доработат некои дефиниции. Советникот на шефот на кабинетот на претседателот Михаило Подољак изјави дека разговорите меѓу руската и украинската делегација се договориле за техничка пауза до утре.
„Направена е техничка пауза во разговорите до утре. За дополнителна работа во работните подгрупи и допрецизирање на одредени дефиниции. Преговорите се во тек“, додаде Подољак.
Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина започна на 14 март. Комуникацијата е тешка, но функционира, коментираше Подољак.
Причината за разликите е тоа што страните имаат многу различни политички системи. „Украина е за слободен дијалог во општеството и задолжителен консензус. Русија е за ултимативно потиснување на сопственото општество“, објасни Подољак.
Меѓу прашањата за кои се разговара се мир, прекин на огнот, итно повлекување на сите војници и безбедносни гаранции.
Подготви: Жорж Димовски