• Latest

Поглед одблизу за руската двојна стратегија преку Спутиник V

March 3, 2021
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Поглед одблизу за руската двојна стратегија преку Спутиник V

March 3, 2021 12:31
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Анализата на германскиот весник Велт, што ја пренесува Дојче Веле открива дали прибегнувањето кон руската вакцина Спутник V е спас во кампањата на ЕУ за вакцинација, со оглед дека ЕУ членки веќе прибегнуваат кон руското решение.

Унгарија самостојно ја одобри вакцината и нарача два милиони дози без да чека одобрение од ЕМА, агенцијата за лекови на Европската унија (ЕУ). Чешкиот премиер Андреј Бабиш, чија земја моментално страда од третиот бран на пандемијата, сега исто така сака да го користи Спутник без дозвола од ЕМА. Слично сака да постапи и Хрватска.

Како што пренесува Дојче Веле преку анализата на Велт, спротивставувањето на ЕУ од напливот на вакцини од Истокот, како што се создава општа слика за состојбата во јавноста, нема многу врска со реалноста, односно со пласирање на тезата дека ЕУ ќе ја „геополитизира“ вакцината. Зошто? Затоа што, на пример,  на прв поглед можните испораки од Москва, во секој случај, звучат многу поветувачки отколку симболичната помош на 15.000  дози од вакцината на АстраЗенека што Берлин ги најави за Прага. Во Чешка, особено британската мутација во моментов доведува до најголема стапка на инфекција во рамките на ЕУ. Владата очекува до 20.000 нови инфекции дневно на само 10,7 милиони жители. За Кремљ, овие вести, во секој случај, се пропагандни успеси. Тие ги прават ЕУ и ЕМА да изгледаат како старинари кои наводно ѝ ставаат пречки на патот на руската вакцина.

За Европа, Русија би требало или да испорачува дози што ги произведуваат странски партнери во Индија или во Бразил (се вели дека годишно таму ќе се произведуваат стотици милиони дози, но производството сè уште не е започнато), или Русија во соработка со Европејците би требало да изгради производствени капацитети на лице место. Русија тогаш би се нашла во жестока конкуренција со индустриските гиганти како што се Фајзер или АстраЗенека, кои исто така сакаат да ги зголемат своите производствени капацитети. Освен тоа, ќе бидат потребни месеци за зголемување на производството.

Но, рускиот државен фонд РДИФ, се вели во анализата, кој инаку „се фаќа“ за најмалата позитивна вест за вакцината, исто така молчи. Покрај тоа, РДИФ сè уште нема доставено апликација за одобрување на вакцината до ЕМА, иако фондот не пропушта можност да тврди поинаку. И ЕМА и берлинскиот институт „Паул Ерлих“ потврдуваат дека не е примена апликација. Неговите претставници учествуваа во разговорите во рамките на научниот советодавен процес на ЕМА. Од рускиот државен фонд, наспроти тоа, беше речено дека апликацијата е поднесена на крајот на јануари. Како доказ за ова, на Твитер беше презентиран скриншот што треба да докаже електронско испраќање на податоци до ХМА, здружение на европските фармацевтски власти, кое не е одговорно за постапката за сертификација на ЕМА.

На прашањето на новинската агенција Ројтерс, РДИФ одби да коментира зошто документите биле доставени до ХМА. Ваквите сомнителни ПР-акции ја доведуваат во прашање сериозноста на руските намери. Додека Русија користи бизарна двојна тактика во однос на европскиот пазар, меѓу повторуваните обвинувања кон ЕУ и објавената желба Европејците да го признаат нејзиниот производ, нејзиниот голем ривал Кина се чини дека е помалку заинтересиран за испораки во Европа – и покрај тоа што капацитетите на кинеската фармацевтска индустрија се далеку над можностите на Русија. Според кинеските државни медиуми, најмалку 43 милиони дози од кинеската вакцина Синофарм се искористени ширум светот. Унгарија е единствената земја на ЕУ што има нарачано пет милиони дози вакцина од Синофарм – и веќе има добиено речиси половина милион дози. Официјално одобрение од ЕУ за производите на Пекинг досега не е на повидок.

извор: Дојче Веле

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ