• Latest

Поголема јавност на постапките и транспарентност на судовите

June 22, 2018
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поголема јавност на постапките и транспарентност на судовите

June 22, 2018 13:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Многу повеќе се почитуваат основните права на граѓаните во однос на правичното и фер судење, но и натаму треба да се работи на борбата против организираниот криминал и корупцијата, покажува набљудувањето на коалицијата „Сите за правично судење“.

Како што беше речено на денешната промоција на најновата анализа на Коалицијата за 2017 година, неопходна е поголема јавност на судските постапки, како и поголема транспарентност на судовите.

– Детектирано е отстапување во толкувањето и примената на законите од основните и апелациските судови, недоволно и нејасно аргументирање на пресудите, како и селективен пристап при постапувањето посебно во предмети кои имаат „политичка нота“. Селективен пристап не е изоставен и при вршењето на јавнообвинителската професија, а политичко влијание е забележано и во одлуките за избор и унапредување на претседатели на судовите и судии во повисоките судови, стои во анализата од спроведениот мониторинг.

Според анализата, констатирана е и нетранспарентна работа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во однос на образложенијата на нивните одлуки.

– Загрижувачки висок степен на одложени расправи и негов пораст од 30 на 60 отсто најчесто поради отсуство на обвинетиот, е исто така еден од заклучоците во анализата каде се бележи и зголемување од 300 проценти при одлагање на рочиштата поради отсуство на бранител, како и 250 отсто поради отсуство на јавен обвинител.

Коалицијата упатува и на податокот дека постои практика судот не дава соодветни образложенија на причините за определен притвор.

Коалицијата „Сите за правично судење“ постои 15 години, а ја сочинуваат 14 граѓански организации. Изминативе години мониторингот бил фокусиран на кривичните постапки, но од неодамна се анализираат и организираниот криминал и корупцијата, додека од септември ќе почне следењето и на граѓанските постапки. За изготвувањето на анализата ангажирани биле 50 набљудувачи распоредени на сите четири апелациски подрачја, во девет основни судови низ државата. (МИА)

Tags: „Сите за правично судење“Поголема јавностпостапкисудовитранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ