пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА
Секоја сличност е сосема случајна, но многу намерна.
ИЗМАМНИК/ИЗМАМНИЧКА (CON MAN/WOMAN)
Тој/таа кој ја стекнува довербата на својата жртва со цел да ја манипулира, да украде нешто од неа или на друг начин да добие нешто |
ПОЛИТИЧАР/КА
Таа/тој кој е активен во партиската дејност за освојување на власта или кој е висок функционер во власта |
НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ | |
Основна цел се ранливите групи | Мицковски: Наместо во вториот, парите за пензиите да се уплаќаат во првиот задолжителен пензиски фонд (ТВ Телма, 2020 г.)
Заев одигра партија шах со пензионер и му рече дека в понеделник на сметка ќе добие повисока пензија (Фактор, 2020 г.) |
Се интересира за вас и вашите проблеми | Емотивна порака од Мицковски апропо Ковид-19 (ТВ Телма, 2020 г.)
ЗАЕВ: Загрижен сум колку ВМРО-ДПМНЕ не води грижа за здравјето на луѓето (Денешен, 2020 г.) |
Создава чувство на фамилијарност и блискост | МИЦКОСКИ СЕ ФАТИ НА ОРО: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Велигден во Црешево се фати на орото (INFOMAX, 2019 г.)
ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ вртеше оро во Лозово (Прес 24, 2019 г.) |
Се поистоветува со жртвата | Мицковски: Сите ние станавме заложници на лудоста во пресметливоста на Заев за избори и тесен пораз (МКД, 2020 г.)
Зоран Заев: Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли, не знам да зготвам ништо (ТВ Канал 5, 2020 г.) |
Се повикува на своите мани и грешки кои ги направил | ВИДЕО: Мицковски на колена пред штипјани! (Zase.mk, 2018 г.)
Заев е страсен моторџија иако двапати се скршил од паѓање (Смарт. СДК.МК, 2017) |
Се повикува на познати фаци | Мицкоски купил карти на заеднички ред и седишта со првиот човек на Комитетот во Охрид Сашо Донев и познатиот и peномиран кaрдиолог Сашко Кедев, а друштво им правеше и пораншната министерка за култура Ганка Самоилова, како и охридскиот кaрдиолог Дејан Манчески кој со сопругата седеше веднаш до нив. (INFOMAX, 2019 г.)
Заев на свадба кај познатата македонска ракометарка, Ива Стојковска (Магазин, 2019 г.) |
Создава привид дека жртвата победила | Мицкоски: ќе се сеќаваме на овој ден на кој народот и’ го зададе најголемиот удар на власта (Магазин, 2019 г.)
Заев вечерва истакна „ова е голема победа на граѓаните на Македонија, им честитам на сите граѓани за денешниот празник (ТВ Канал 5, 2017 г.) |
Се повикува на ограничено време | Мицковски: Македонија повеќе нема време за чекање (Курир, 2020)
„Немаме време за губење. Мојот предлог е организирање брзи предвремени избори, најбрзо што може. (DW, 2019 г.) |
Бара да му веруваш | Мицкоски: Ако не ми верувате мене, видете ја околу вас ситуацијата и верувајте сами на себе (Makpress.mk, 2018 г.)
Заев: Ве уверувам дека промените ќе дојдат (Нова, 2014) |