• Latest

Политичко финансирање: Кој и колку донирал во партиите и како се прикажани финансиите?

July 28, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Политичко финансирање: Кој и колку донирал во партиите и како се прикажани финансиите?

Ако се погледнат извештаите за донациите на шесте политички партии и коалиции кои освоија пратенички места, веднаш се забележуваат извесни разлики во донираните суми, во пристапот на финансирање преку донациите, но и во начинот на кој тие се претставени пред државните ревизори.

July 28, 2020 11:45
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО НАСТОСКИ

Донација – збор од латинско потекло, кој доаѓа од донум (дар, подарок) и глаголот донаре (дарува,подарува). Дефиницијата на денешниот поим во Оксфордскиот речник на англискиот јазик вели, преведена: „нешто што ѝ се дава на некоја личност или организација, за да ѝ се помогне.“

Според македонските изборни прописи, донациите се еден од начините на кој политичките партии можат да ги финансираат своите изборни кампањи, заедно со членарините (кои исто така се еден вид донација) и кредитите подигнати наменски за кампањата.

Во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори, ЦИВИЛ го следеше трошењето на партиите, кои се законски обврзани да поднесат извештаи за сите донации примени пред и за време на кампањата. Извештаите, кои веќе ги објави Државниот завод за ревизија, треба да понудат појасна слика за тоа од каде и на кој начин доаѓаат парите кои партиите ги користеле за да ги платат предизборните кампањи.

Ако се погледнат извештаите за донациите на шесте политички партии и коалиции кои освоија пратенички места, веднаш се забележуваат извесни разлики во донираните суми, во пристапот на финансирање преку донациите, но и во начинот на кој тие се претставени пред државните ревизори. Да видиме што велат бројките, со напомена дека сумите се приближни и изразени во евра, за читателите да имаат подобра слика за нивниот износ:

За своите скратени, но интензивни, сериозни и релативно сложени изборни кампањи, двете најголеми коалиции примиле донации од вкупно околу 800.000 евра, со распределба: СДСМ (околу 231.000 евра) и ВМРО-ДПМНЕ (околу 567.000 евра). Најголемиот дел од овие донации биле од физички лица и во пари – всушност, тоа е и главниот начин на кој партиите ги финансираат кампањите и на него отпаѓаат околу 88% од донациите на коалицијата предводена од СДСМ, како и сите средства (100%) на коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ.

Процесот главно одел вака: членови, симпатизери и функционери на двете коалиции донираат одреден износ директно на посебната сметка на коалициите отворена наменски за изборната кампања, или на неа партијата, од нејзината главна сметка, префрла претходни донации на свои членови. И двете коалиции најголемиот прилив по овој основ го имале на 10 јули, кога на нивните изборни сметки „легнале“ вкупно 1.475 вакви индивидуални парични донации (СДСМ-1007, ВМРО-ДПМНЕ-467).

Кај донациите за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, се забележува отстапување од законскиот износ за највисока донација што може да ја даде физичко лице (180.000 денари / 3.000 евра) пропишано со Изборниот законик. Пријавени се вкупно 14 донации над овој износ, главно од 3.250 до 5.000 евра, како и една донација од физичко лице во износ од околу 12.000 евра, кои се уплатени на основната сметка, а потоа префрлени на наменската сметка за изборна кампања. Фактички, измените во Изборниот законик направени во февруари 2020 година, со кои се дозволи префрлање на средства од основната сметка на партиите на наменската за изборна кампања, овозможија заобиколување на законски пропишаните, максимални поединечни износи на донации.

И кај двете коалиции се забележува дека највисоки се главно сумите што ги донирале кандидатите за пратеници на овие избори, како и највисоките партиски функционери (за одбележување се трите лански донации од по 10.000 евра од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, неговата сопруга и неговиот татко, пренесени на изборната сметка на партијата пред овие избори).

Кај другите партии и коалиции, кои на кампањата за овие избори „работеле“ со далеку помалку пари, од доставените извештаи за донациите се гледаат извесни разлики и во изворите на приходите, како и во изгледот на самите извештаи, односно начинот на кои трошоците се претставени.

Демократската унија за интеграција има пријавено вкупни донации за кампањата од околу 56.000 евра, од кои околу поголемиот дел се парични прилози од физички лица, во износи од 800 до 2.850 евра. Покрај ова, ДУИ има пријавено и две парични донации од правни лица во вкупен износ од околу 5.000 евра, а според извештајот, значаен извор на финансирање на партијата биле членарините, од кои собрала околу 17.500 евра. Интересно е тоа што ДУИ за две помали донации има наведено дека партијата си ги донира парите самата на себе.

И за кампањата на Демократската партија на Албанците донирале само физички лица,  во износи од 330 до 2.900 евра, а вкупно се собрани околу 16.750 евра.

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива има пријавено само дека префрлила околу 97.000 евра од основната на посебната сметка за изборите, како и една единствена донација од физичко лице, во износ од 1.000 денари, додека Алтернатива има посебно пријавени 14 лански парични донации од физички лица во износ од 7.400 евра, пренесени на изборната сметка.

И конечно, кај последната партија која освои мандати на предвремените парламентарни избори – Левица, има најмногу отстапувања од законските обврски за транспарентност и во извештаите за донациите пред надлежните органи.

Според извештајот на Левица, кој користи свој образец наместо пропишаниот од страна на ДИК, партијата ја финансирала кампањата главно од средства префрлени од основната сметка, за кои не се наведени извори. Вкупно се префрлени околу 57.500 евра, а партијата покрај ова пријавува и една парична донација од правно лице во износ од околу 17.800 евра, како и една донација од физичко лице во износ од 10.700 денари (околу 175 евра).

Ако се водиме според виденото во изминатите изборни кампањи, може да се заклучи дека системот кој го контролира финансирањето на партиските кампањи не е совршен и дека тој и натаму нуди извесни можности за злоупотреби или во најмала рака изигрување на правилата околу трошоците кои партиите ги имаат во кампањата.

Извештаите за тоа колку пари се потрошиле на изборите и за што, партиите се должни да ги достават во продолжени законски рокови, кои достигнуваат и до три месеци од денот на изборите. Тие ќе понудат многу повеќе одговори околу прашањето кој, колку и на кој начин платил за кампањите на секоја партија. За тоа, пак, дали имало злоупотреби и за евентуалната одговорност на партиите, ќе решаваат институциите со контролна функција – Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ