• Latest

Политичко-медиумски пекол и мафијашки трилер

August 16, 2019

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Политичко-медиумски пекол и мафијашки трилер

Сѐ што вирее на тезгите и под тезгите на македонскиот политички и општествен бувљак се вклучи во летната офанзива, прва од многуте што ни претстојат. Експерти за сѐ и сешто, невладини фолиранти, медиумските паразити и илјадници партиски тролови и влечни коњи и волови... Сите! Во бескрајните строеви застанаа и сите што не добиле шанса да се закачат на цицката на новата власт, па сега, онака „разочарани“ зедоа „пушка в рака“ и „сменија страна“. Тие се неспоредливо погласни, а ги користат токму аргументите на критичарите на власта што со своите ставови и анализи се обидуваат да бидат учесници во демократската гласност за подобрување на состојбите.

August 16, 2019 12:33
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Некои, веројатно со носталгија, ќе се сетат на годините кога во текот на летниот период ни беше многу досадно. Тогаш, вообичаено, стивнува политичката и медиумската машинерија, а на ТВ се гледаа здодевни репризи од играни и документарни филмови, бљувотини од музички емисии и слични глупости. Летото порано беше време кога можеше да се прочитаат книги што немаат врска со професијата, луѓето да се одмараат толку многу што одвај чекаа да дојде есента, за кон крајот на летото, да започне трката по пиперки за ајвар, учебници и прибор за децата.

Имаше ли такво лето изминативе дваесетина години? Едно лето, имаше војна на 30-40 километри од границата и бегалска криза, Косово… Дури и капитулацијата, Милошевиќ ја потпиша во Куманово, кога дојде и тогашниот американски претседател Клинтон. Потоа, имаше летна војна и мировен договор во Охрид. Имаше и избори во лето, кога на власт дојде диктаторчето, сега азилант во Орбанистан. Па имаше разни партиски „работни лета“. Па имаше бомби и Камп на слободата, Пржино 1 и 2, па предизборни кампањи, па подготовки за референдум… Летото стана работно за сите, освен за малиот број на оние што имаат многу пари и моќ, па можат да си дозволат луксузен одмор на егзотични дестинации, гледајќи го светот низ скапите, по можност Мајбах, очила за сонце…

Македонско лето 2019… Политичко-медиумски пекол и мафијашки трилер. Сѐ што можеше и не можеше да се замисли, се случи летово. Една од иконите на граѓанскиот отпор против диктаторчето, Катица Јанева, првиот човек на СЈО, е под лупата на јавноста и на Јавното обвинителство во скандалот кој погрешно е наречен „Рекет“. Погрешно, бидејќи се работи за поткуп, во кој еден криминалец им дава пари на други криминалци за да се спаси од затвор (трговија со влијание). Вемерото влезе во офанзива, помогнато и од неколку нови центри на моќта (допрва ќе се појавуваат уште). Тајните служби од целиот регион работат со полна пареа. Само руската машина држи стабилно агресивно темпо, за тоа барем да не се „секираме“.

Кревките фундаменти на тоа што треба да биде демократија и слобода секој ден се под сѐ пожесток напад. Еднаквоста исчезна од равенката, пред воопшто и да добие шанса. Владеењето на правото сѐ уште се бори со криминалот кој има чудовишни димензии, пострашни од тоа што било кој мислеше.

Сѐ што вирее на тезгите и под тезгите на македонскиот политички и општествен бувљак се вклучи во летната офанзива, прва од многуте што ни претстојат. Експерти за сѐ и сешто, невладини фолиранти, медиумските паразити и илјадници партиски тролови и влечни коњи и волови… Сите! Во бескрајните строеви застанаа и сите што не добиле шанса да се закачат на цицката на новата власт, па сега, онака „разочарани“ зедоа „пушка в рака“ и „сменија страна“. Тие се неспоредливо погласни, а ги користат токму аргументите на критичарите на власта што со своите ставови и анализи се обидуваат да бидат учесници во демократската гласност за подобрување на состојбите.

Среде оваа жестока војна на зборови и влијанија, не остана простор за вистински да се нападнат лошите политики, бавните реформи, половичните успеси или тотални неуспеси на Владата… Бидејќи, независно од офанзивата на криминалците, постои доволно широк простор да се спроведат реформи и да им се олесни животот на граѓанките и граѓаните, а не само на оние што имаат високи профити, лесен пристап до пари и моќ… Стана невозможно да се критикуваат политиките на Владата или работата на институциите, а тоа да не стане жетон на масата за една од највалканите партии покер што се игра во моментов.

Ако некогаш луѓето можеа и да здивнат и последните стресови да им завршат со крајот на вечерните ТВ вести, сега и тоа е променето од корен. Скандалите најчесто се објавуваат во вечерните часови, често в петок, на крајот на работната недела, па „армиите“ водат ноќни битки, во работни денови, за време на викенд и празници.

А ќе биде и полошо. Политичарите, мафијашите и медиумските лебарки што тргнаа во војна против правдата, демократијата и слободата, сега веќе не се борат (само) за спас. Тие тргнаа во борба да го победат системот и да воспостават власт на стравот и насилството. Кој не го гледа тоа, ќе стане само уште една единица или нула во алгоритамот на оние што водат валкана војна против сѐ за што се залагаме со децении.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share93Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ