Денеска од 8 до 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници , претежно автобуси и комбиња, соопшти прес службата на МВР.
„При контролата откриени и санкционирани се вкупно осум неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-5).Шест од нив (ТЕ-3 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, 1(ГВ) неисправен уред за управување и 1 (ГВ) неизвршен технички преглед“, се вели во соопштението.
Како што иинформираат од МВР, сите неисправни возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, биле санкционирани и четири други видови сообраќајни прекршоци.
Ц.Д