Во моментов не гледам никаква закана за Германија од Русија“, изјави Тино Чрупала, ко-лидер на германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) во вторник вечерта во ток-шоуто на Маркус Ланц на германскиот јавен радиодифузен сервис ZDF, пренесува TVPworld.
„Секако, Полска би можела да стане закана и за нас“, додаде тој.
На прашањето дали Полска би можела да биде опасна за Германија како Русија, тој одговори:
„Гледаме дека интересите на Полска се разликуваат од оние на Германија“.
Чрупала се осврна на неодамнешниот случај во кој судот во Варшава ја блокираше екстрадицијата во Германија на Володимир Журавлов, украински државјанин осомничен за вмешаност во нападот на гасоводот Норд стрим во 2022 година.
„Гледаме двојни стандарди за прашањето на Норд стрим“, рече тој. „Полска не екстрадираше баран криминалец, терорист, во Германија. И како реагираше германската влада? Не презема ништо. Вели: „Добро, тоа може да се случи.“
Лидерот на AfD, повторувајќи ги наративите на Москва, исто така,тврдеше дека Западот е одговорен за руската инвазија на Украина.
поторувајќи ги суските наративи, тој тврдеше дека пред целосната војна, „руското малцинство во Украина било прогонувано“ и дека „одлучувачки грешки биле направени не само од Русија, туку и од Западот“.
Чрупала, исто така, ја отфрли можноста за нуклеарна закана од Москва, велејќи:
„Путин никогаш не се заканил со нуклеарен напад врз Германија“.
Изјавата на Чрупала наиде на остри реакции во Полска.
М. Д.












