• Latest

Полската опозиција бара премиерот Туск да поднесе оставка доколку Трамп победи во САД

November 4, 2024
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Полската опозиција бара премиерот Туск да поднесе оставка доколку Трамп победи во САД

November 4, 2024 11:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ ВО САД, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Полската опозиција побара премиерот Доналд Туск и неговата проевропска влада да поднесат оставка доколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД на 5 ноември, бидејќи само со таа земја Полска може да изгради ефикасна одбранбена земја, а според мислењето на опозицијата не е сигурно дека Трамп би сакал да соработува со актуелната полска влада.

-Доколку Трамп победи, полските власти ќе се најдат во многу лоша позиција бидејќи се во спор со Трамп, со кој многу добро соработуваше претходната влада на партијата Право и Правда, рече шефот на пратеничката група на опозициските конзервативци, Маријуш Блашчак.

Тој, како најблизок соработник на лидерот на Право и Правда Јарослав Качињски, синоќа за приватна телевизија рече дека победата на Трамп е во интерес на Полска бидејќи кога станува збор за одбраната, Германија не е во состојба да ја заштити.

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски изјави дека тоа не е точно.

-Не ја повторуваме грешката на Право и Правда, која ги стави сите „жетони“ на Доналд Трамп. Бев многу внимателен да се сретнам со луѓето на Трамп. И Право и Правда повторно играше само на картата на Трамп. Бев изненаден што Блашчак верува дека Владата во Полска не зависи од гласовите на полските гласачи, туку од некои странски одлуки, изјави Шикорски.

Полскиот премиер Туск викендов објави коментар на „Х“ дека судбината на Европа не зависи од исходот на американските избори.

-Некои тврдат дека иднината на Европа зависи од исходот на американските избори, но тоа првенствено зависи од нас. Каков и да е исходот, ерата на геополитички аутсорсинг е завршена, рече тој.

Министерот Шикорски рече дека претставниците на полската опозиција мора да разберат дека времето кога Европа се потпираше на САД за воена заштита на стариот континент заврши.

-Без разлика кој ќе победи, вниманието и капацитетите на САД се префрлаат на Пацификот, на нивното ривалство со Кина. Според сопствената доктрина, САД не се способни да водат две војни во исто време, и затоа ние како Европа имаме обврска кон нашето население да почнеме да пристапуваме кон безбедноста и сериозно да се браниме, рече Шикорски, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ