• Latest

Помалкубројните заедници заедно за европска Северна Македонијa

December 25, 2023
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Помалкубројните заедници заедно за европска Северна Македонијa

December 25, 2023 15:46
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА денеска одржа конференција  на тема “Евроинтеграцискиот процес и правата на помалкубројните заедници во Република Северна Македонија – предизвици, предности и перспективи“.

На конференцијата учествуваа  претставници на невладините организации на помалкубројните заедници – Диванхана, УФУК, Заедница на Хрвати во Република Северна Македонија и Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ.

На конференцијата учествуваше и заменик-директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) г-дин Џелал Хоџиќ. Конференцијата е организирана во склоп на проект поддржан од Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

Од конференцијата произлегоа сет клучни точки, меѓу кои дека помалкубројните заедници во нашата држава даваат силен придонес во развојот на демократијата, економијата, културата, науката, образованието, спортот, како и во сите други сфери на општеството.

„Помалкубројните заедници ја чувствуваат Република Северна Македонија за своја држава и силно се залагаат за остварувањето на стратешките цели на државата, како што е полноправното членство во Европската унија.

Сметаме дека забелешката на Европската унија дека институциите треба да се посветат кон овозможување на поголема вклученост на претставници на помалкубројните заедници во креирањето на политиките треба да се земе предвид и да се делува во насока на овозможување на вклученост што поскоро. Вклученоста на оваа група на граѓани носи кон поголема видливост и остварување на нивните цели и потреби.

Исто така, вклучувањето на помалкубројните заедници и инклузивното креирање и имплементирање на политиките го зголемува потенцијалот за развојот на државата и сите сфери на општеството.

Без разлика на различните јазици, култури, обичаи, традиции, помалкубројните заедници имаат потенцијал да се обединат околу развојот на државата, негувањето на различностите, зголемувањето на демократскиот капацитет на општеството и остварувањето на стратешките цели на државата, како што е членството на Република Северна Македонија во Европската унија.

Сметаме дека членството на Република Северна Македонија во ЕУ и реформите кои како држава ќе ги направиме на тој пат, значително ќе ги зголемат капацитетите на администрацијата и услугите кон граѓаните, демократските вредности ќе бидат посилни, економијата многу поразвиена, инклузивноста на помалкубројните заедници дополнително подобрена.

Имајќи ги предвивд овие факти, ЕУРОПРОСПЕРА како невладина организација која силно се залага за демократизација, инклузија и европски вредности и невладините организации на помалкубројните заедници, на денешната конференција се обврзаа да се координираат на теми поврзани со патот на Република Северна Македонија кон ЕУ со цел директно придонесување во остварувањето на стратешките цели на државата, зајакнување на демократските вредности, развивањето на економијата, инклузија на помалкубројните заедници и негување на нивната култура и различности“, се наведува во соопштението од ЕУРОПРОСПЕРА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ