• Latest

Помпео викендов на средби во Атина и потпишување договор за одбранбена соработка САД-Грција

October 4, 2019
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Помпео викендов на средби во Атина и потпишување договор за одбранбена соработка САД-Грција

October 4, 2019 12:36
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Билатерален договор за одбранбена соработка ќе потпишат Грција и САД за време на посетата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео кој викендов ќе биде во Атина на средби со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и со министерот за одбрана, Никос Панајотопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија, кој утре ќе се сретне со Помпео, за грчката телевизија „Стар“ вели дека станува збор за добар договор.

-Станува за договор што ги штити грчките интереси, но исто така сметам дека е фактор на стабилност и безбедност во поширокиот регион на Егејското море и источниот Медитеран. Тоа е добар договор, вели Дендиас.

Тој додава дека односите на Грција со САД влегуваат во нова фаза, а „Грција одново се враќа на регионалната и меѓународна сцена со самодоверба“ за да ја добие „улогата што ѝ припаѓа“.

Според грчките медиуми, министерот за надворешни работи на Грција денес ќе оствари средби со претставниците на партиите кои учествуваат во националниот совет за надворешна политика, за да ги информира за договорот за одбранбена соработка меѓу Грција и САД.

Освен одбранбената соработка, според медиумите во Грција, се очекува и американските инвестиции во грчката воена инфраструктура, безбедноста, енергетиката и ситуацијата во источниот Медитеран да бидат темите за кои Помпео ќе разговара со неговите домаќини.

Амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, говорејќи на годишниот економски форум на грчкото здружение на претприемачи во понеделникот, рече дека Соединетите американски држави направија стратешка инвестиција во односите со Грција, и сега гледаат можност односите што беа многу силни со претходната влада да се кренат на ново ниво.

Пајат додаде дека договорот за одбранбена соработка ќе биде важен дел од агендата на Помпео во Атина, но уште поважно е што САД гледаат на Грција како „столб на стабилноста во многу комплицираното и понекогаш нестабилно соседство кое се протега од Источниот Медитеран, сите предизвици што произлегуваат од Блискиот исток, од Мала Азија, од Балканот, од Црното Море“.

Паралелно, во понеделник ќе се одржи вториот стратешки дијалог меѓу САД и Грција.

-Секретарот Помпео ќе биде тука во петок, сабота и недела, а потоа во понеделник ќе го имаме вториот круг на стратешкиот дијалог САД -Грција, што ги обединува сите различни столбови од работата што ја правиме заедно: одбранбените теми, нашата инвестиција во економската соработка, нашата

енергетска соработка, нашите врски меѓу луѓето, борбата против тероризмот. И мислам дека тоа е една од работите што навистина ги разликува односите денес. Ние соработуваме како партнери, како сојузници, како земји што делат интереси и како земји што делат вредности, рече Пајат во понеделникот. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ