Пописот ќе се реализира по високи стандарди коишто ги налага Евростат, при што ќе се избегнат сите можности за злоупотреба.Софтверското решение коешто ќе биде изготвено ќе ги препознава личните податоци на граѓаните кои веќе еднаш се внесени, со што ќе се онезможи ист граѓанин да се регистрира двапати. Во пракса ова значи дека ќе има попишување со помош на веб-апликација и теренско попишување. Државата ќе биде поделена на 45 пописни реони, а во целата операција ќе учествуваат 6 000 попишувачи, информираше Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика
Симовски информира дека, исто како во 2011 година, и овојпат ќе ги има сите графи за демографска, образовна, културолошка и етничка припадност.
Луѓето кое што се наоѓаат во дијаспората ќе се попишуваат исклучиво по електронски пат, што значи дека нема да се издвојуваат средства за да се испратат попишувачи надвор од земјава.
Како што се знае, пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година, за целата постапка ќе бидат издвоени 8,5 милиони евра од државниот буџет, а конечните резултати ќе бидат објавени до септември истата година.
А.М.












