• Latest

Пописот се одвива без проблеми, секој може слободно да се изјасни за етничката припадност

March 4, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пописот се одвива без проблеми, секој може слободно да се изјасни за етничката припадност

March 4, 2021 09:18
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Првата фаза од пописот засега се одвива без проблеми. Заклучно со вчерашниот ден преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 18.236 граѓани. Надлежните потврдуваат дека податоците се безбедни, а секој слободно може да се изјасни за својата етничка припадност.

Самопопишувањето почнa во понеделникот, и тоа со вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Пописот официјално ќе почне на 1 април, а ќе заврши на 21 април.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вчера потврди дека операцијата засега се одвива непречено и апелираше сите да учествуваат во оваа статистичка операција, бидејќи, како што нагласи, ни требаат податоци за креирање подобри услови за живеење во наредниот период.

Во однос на апликацијата за самопопишување наменета за дијаспората, директорот рече дека е безбедна, и ги отфрли сомневањата дека внесените податоци може да бидат искористени од страна на фирмата која ја има изработено.

– Базите се максимално заштитени, кај нас се и никој друг однадвор нема пристап до тие бази на податоци – ниту фирмата која ја направила апликацијата, ниту кој било друг, освен нас. Дури и во самата институција има строго определен протокол кој може да влегува во овие бази. Тоа се лица кои имаат сертификати и кои се претходно проверени значи, ни јас лично немам право да влезам во овие бази на податоци, рече Симовски.

Заклучно со вчерашниот ден во 10 часот преку апликацијата за самопишување се евидентирани 18 236 лица.

Од Држаниот завод за статистика информираат дека со пријавувањето на Апликацијата, корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број на корисникот. При регистрација на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците.

Предвидено е собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување да се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување, како што велат од ДЗС, не значи по автоматизам број на резидентно население на Република Северна Македонија.

До апликацијата за попишување наменета за дијаспората, може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера побара од претставниците на здруженијата на Бугари во земјава да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што според Османи, значајно би придонело при формирањето на идните политики и на Владата.

Но, за ова веднаш реагираше Симовски, кој порача дека кога граѓанинот се изјаснува за својата припадност, не може да му се влијае на кој било начин затоа што графата во која се запишува етничката припадност е, празна.

Тој рече дека во електронската апликација откако ќе се впишат првите три букви на припадноста, се појавува поле за избор на етничка припадност од кодната листа на сите етнички припадности кои досега се регистрирани на сите пописи кај нас.

-Полето, каде што треба да се впише етничката припадност е празно за да не му се сугерира на лицето, во однос на неговото изјасување. Во електронската апликација се откуцуваат првите три букви на таа припадност, се појавува поле за избор на етничка припадност заради кодот, а во таа кодна листа се ставени сите етнички припадности, што сме ги имале досега, а во случај да се пријави етничка припадност што досега не сме ја регистрирале, и таа ќе стане дел од кодната листа, вели Симовски.

Тој исто така подвлече дека никој не може да добие формулар како се изјаснил бидејќи тоа се лични податоци.

– Жал ми е што одредени држави, не е само бугарската, барале од нас и досега и во изминатите години, за оние лица кои аплицирале за нивно државјанство, да достават како се изјасниле. Никој ниту некогаш добил, ниту ќе добие, ниту има право да добие формулар, ниту пак ние смееме да дадеме ваков податок. Кога граѓанинот се изјаснува за својата припадност, не може да му се влијае на кој било начин затоа што графата е празна и со впишување на првите три букви се појавува сето она што како припадност го има во кодексот на шифри, потенцираше вчера Симовски.

И министерката за труд и социјална почитика, Јагода Шахпаска вчера изјави дека пописот е многу важна статистичка операција.

МТСП како ресор ги регрутира прашањата кои се однесуваат на пензионерите работниците, ранливите категории граѓани децата. Оттука, како што рече, податоците кои ќе се добијат за старосната структура на населението ќе значат сериозен придонес како Министерството ќе ги креира своите политики за изградба на установи за претшколска возраст за сместување деца во градинка и ќе ги прави проекциите за домови за стари лица. Со пописот ќе бидат добиени податоци и за стапките на вработеност и невработеност, за квалификаците и оти согласно тоа ќе се креираат мерки и политики за намалување на невработеноста.

Од опозицијата остануваат на ставот дека власта подготвува политички фалсификат и нерелевантен и фингиран попис.

Токму затоа, вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе Предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис, по итна постапка.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат итна и неодложна седница на Собранието, на која што ќе се изгласа овој Предлог на закон и ќе се стопира овој политички попис.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска испрати апел до сите пратеници, без разлика на која политичка партија и коалиција и припаѓаат и без разлика на етничка и национална припадност, да го поддржат овој Предлог закон.

– За неколку дена за укинување на Законот за попис се потпишаа сто илјади граѓани, кои со име и презиме, јасно и гласно го кажаа своето мислење и недоверба и рекле големо „НЕ“ за ваков попис. Сите факти и аргументи ни говорат дека власта подготвува политички фалсификат и нерелевантен и фингиран попис, изјави Василевска.

ВМРО ДПМНЕ, како што истакна, не е против попис на населението, бидејќи таква статистичка операција е многу важна и неопходна за земјата, но е „против фингиран и наместен попис со кој власта ќе фингира бројки кои се резултат на партиско-коалициски пазарења и договори на штета на сите граѓани.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ