• Latest

Поповски во Трст: Нашата Влада е прва во регионот што има стратешки план за борба против лажните вести

December 5, 2019
фото: СДСМ

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки по предлог на Филипче

December 2, 2025
Скриншот од видео на
CNA

Путин се сретна Виткоф во Москва откако рече дека не сака војна со Европа, но е „подготвен за борба“

December 2, 2025
Фото: Х

Руски пропагандисти циркулираат лажно видео од Тајмс Сквер со билборд за обложување на „бегство“ на Зеленски од Украина

December 2, 2025

ЕКСКЛУЗИВНО – Пендаровски за ЦИВИЛ (2): Србија не нè турка во „српскиот свет“, нашите политички гарнитури го прават тоа

December 2, 2025
Скриншот од видео на
EU Debates | eudebates.tv

Могерини и Санино во притвор во истрага за измама во ЕУ

December 2, 2025
Фото: Амбасадорката Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Додека Украина и партнерите бараат дипломатски начини за постигнување праведен и траен мир, рф продолжува да удира по мирните градови

December 2, 2025

24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

December 2, 2025
Креирано со помош на ВИ

Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

December 2, 2025

Линеарно или процентуално? Пензиската дебата ја оголи најдлабоката социјална поделба во државата

December 2, 2025
Фото: МИА архива и Влада

МТСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

December 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поповски во Трст: Нашата Влада е прва во регионот што има стратешки план за борба против лажните вести

December 5, 2019 12:57
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Сајбер и хибридните закани, пропагандата, дезинформациите и „лажните вести“ се глобален проблем и имаат потенцијал да го поларизираат јавното мислење, да промовираат насилен екстремизам и говор на омраза, порача министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски во воведното обраќање на Четвртата регионална конференција за координирана превенција од безбедносни ризици во Југоисточна Европа, што денеска се одржува во италијанскиот град Трст.

– Во таа насока е апсолутно важно да се има стратегија и акциски мерки за сајбер безбедност. Тие треба да обезбедат сигурно, безбедно и доверливо дигитално опкружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на сајбер безбедноста, потенцира Поповски.

Министерот посочи дека нашата земја во изминатите две години во повеќе наврати се соочи со сајбер закани и со значително ширење на дезинформации и го презентираше последниот детектиран хибриден напад врз премиерот Зоран Заев, од страна на хибридни центри за манипулација преку злоупотреба на идентитетот на Грета Тунберг.

 

– Ваквите хибридни Deep Fake напади врз демократските влади имаат цел да ги затворат и уплашат отворените општества. Тие се закана за транспарентните влади. Но, Владата на Република Северна Македонија нема да престане да биде отворена и транспарента во комуникацијата. Напротив, ние ќе ја зголемиме активната транспарентност на сите владини институции, истакна министерот.

Во своето обраќање Поповски говореше и за владиниот предлог план за борба против дезинформациите и нападите врз демократијата.

– Како одговор на овие сајбер закани и согласно заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија е прва влада во регионот, вклучувајќи ги Бугарија и Грција, којашто има стратешки план за борба против лажните вести. Нашата цел е да ја зајакнеме националната безбедност и сигурноста на граѓаните и да ја браниме и унапредуваме демократијата, рече Поповски.

 

Тој потсети дека во јули годинава на Глобалната конференција за слобода на медиумите во Лондон, Република Северна Македонија стана потписник на Глобалната заложба за слобода на медиумите, со којашто над 100 земји потписнички формираа Коалиција за поддршка на слободата на медиумите и се обврзаа да дејствуваат заедно за заштита на слободата на медиумите и новинарската професија.

– Пред нас е голем предизвик. Јас сум сигурен дека со заедничка соработка и со организиран фронт за борба против сајбер заканите и лажните вести, ќе најдеме начин да ги заштитиме граѓаните и од ова зло, нагласи министерот Поповски.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Ангел Ангеловски/PMD

    Пензионерите ќе останат без најавеното зголемување: Владата ја префрла вината на Уставниот суд

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Линеарно или процентуално? Пензиската дебата ја оголи најдлабоката социјална поделба во државата

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Трамп вели дека „трајно ќе ја паузира“ миграцијата од „земјите од третиот свет“ по пукањето во Националната гарда

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ