• Latest
Фото: Скриншот Фејсбук видео

Поради пожар затворен за сообраќај мостот од „Ист гејт“ кон Железничка станица

May 12, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поради пожар затворен за сообраќај мостот од „Ист гејт“ кон Железничка станица

May 12, 2023 08:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Скриншот Фејсбук видео

Фото: Скриншот Фејсбук видео

Share on FacebookShare on Twitter

Колони возила и  блокирани раскрсници околу железничката станица, комплексот банки и Мавровка утрово ги дочека возачите кои тргнаа кон своите работни места. Причината е затворениот мост  „Беласица“ кој води од Трговскиот центар „Ист Гејт“ кон Железничката станица во Скопје поради голем пожар кој избувнал доцна синоќа.

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки од пожарот.

Пожарот е изгаснат, а мостот е целосно затворен за сообраќај од безбедносни причини.

Од Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесуваат информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје во којашто се наведува дека во 23:57 часот е настанат пожар на опожарена електрична инсталација, топлводна инстлација и е оштетен мостот „Беласица“ на ул „Беласица“, во близина на ТЦ „Ист Гејт“ во близина на бензинска пумпа. Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникари со 8 ПП возила, а била зафатена површина од 2.000 м2. Пожарот целосно е изгаснат во 04:00 часот.

Од ЦУК за настаната состојба биле известени сите надлежни институции што посредно и непосредно имале инсталација на мостот и во близината на мостот што беше зафатен со пожарот. Конкретно, известени се МВР кои целосно го блокираа сообраќајот на мостот, бензинска пумпа Макпетрол, АД „Гама“ Скопје кои беа на лице место и утврдија дека немаат гасоводена мрежа што поминува на овој потег, Македонски железници коишто во одреден временски период на трање на пожарот го исклучи напојувањето со електрична енергија, ЕВН Македонија, АД ЕСМ „Балкан Енерџи Груп“, бидејќи имаше оштетено дел од цевките за парно греење и истите пратија екипа за санација на цевките. Во текот на трање на настанот дежурните од Секторот за операции и координација на ЦУК беше во постојана комуникација и координација со институцииите на терен и редовно одговараше на сите потреби на БППЗ на Град Скопје се со цел полесно да се локализира пожарот и да не дојде до несакани последици, како на пожарникарите кои дирекно учествуваа во гаснењето на пожарот, така и на населението коешто се наоѓа во непосредна близина на пожарот. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.
М. Д.

 

Tags: Ист гејтМОСТпожарПротивпожарна бригадаЦУК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ