Во согласност со Уредбата , број 44-2413/1 од 21.03.2020 година, со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес на Владата на Република Сверна Македонија, Државната изборна комисија на 67 седница одржана на 22 март 2020 година (недела), усвои Заклучок со кој СЕ ПРЕКИНУВААТ сите изборни дејствија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, кои се закажани за 12 април 2020 година, одлучи ДИК на денешната 67 седница.
„Се запираат сите понатамошни дејствија и активности на општинските изборни комисии.
На лицата од помошните тела на Комисијата, нивниот ангажман им се става во мирување до донесување на нова одлука и истите, почнувајќи од 23 март 2020 година (понеделник), се должни да се вратат на нивните редовни работни места“, соопштија од ДИК.
Во меѓувреме ДИК ќе ја чува и обезбедува изборната документација до спроведување на изборните дејствија и изборите кога ќе се создадат услови. По нова уредба на Владата за продолжување на изборните дејствија, ќе ревидира Роковникот, а тоа особен осе однесува на убидот во Избирачкиот список, негово заклучување, ажурирање…