• Latest

Пораки до Скопје и Софија да ги надминат разликите и интезивно да се работи на реформите

January 23, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пораки до Скопје и Софија да ги надминат разликите и интезивно да се работи на реформите

January 23, 2021 09:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија нема алтернатива, а со цел деблокирање на усогласувањето на преговарачката рамка за земјата важно е да се работи со Бугарија на надминување на разликите и времето да се искористи земјата да го забрза процесот на реформите, порачаа вчера шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и германската амбасадорка Анке Холштајн.

Гир во интервју за МИА посочува дека нема план Б, туку целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Оптимист е, вели, и она што сега следува е усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори.

„Овие разговори продолжуваат во Брисел и навистина португалското претседателство се обврза дека ќе го помогне и ќе го турка процесот. Во меѓувреме, она што е важно, е Северна Македонија, заедно со Бугарија, билатерално да се ангажираат во обид да изнајдат решение што е прифатливо за двете страни, коешто ќе овозможи ситуацијата да оди напред“, подвлече Гир.

На прашањето на МИА дека очигледно за ЕУ е хендикеп вклучувањето на билатералните спорови во процесот на проширување, а особено е опасно историјата да стане предуслов за членство, Гир вели дека во овој случај важен е фокусот на две работи – Северна Македонија и Бугарија да го решат спорот на билатерална основа и земјава да ги забрза реформите.

„Нема да одам во детали за тоа што е дискутирано. Важно е да се фокусираме на она што е важно во овој случај. Две работи се неопходни – првата е Република Северна Македонија и Бугарија да продолжат да се ангажираат да ги решат своите прашања на билатерална основа и второ – во меѓувреме Владата тука да го имплементира и да го забрза реформскиот процес. Зошто тоа е важно – прво, заради тоа што е од најголема важност за граѓаните, но второ реформите, и реформите поврзани со ЕУ се најбрзиот начин да се приближите и да се приклучите кон европското семејство“, дециден е Гир во интервјуто за МИА.

Според германската амбасадорка Холштајн, меѓу Северна Македонија и Бугарија има добрососедски односи, а постои и Договор за добрососедство, кој што треба да се исполни со живот и консеквентно да се спроведе. Во интервјуто за Студио 10 на Телевизија 24, Холштајн истакнува дека Германија и натаму ќе остане силен поддржувач на Северна Македонија. Важно е, порачува таа, да се искористи времето за реформи и Европа да се донесе во Северна Македонија.

Таа се осврнува и на Елисејскиот договор, подвлекувајќи дека и со него не се споменувале пречки од типот на идентитет, јазик и историја меѓу Франција и Германија.

„Елисејскиот договор е склучен 18 години по крајот на Втората светска војна и ставил крај на т.н. исконско непријателство меѓу двете земји, со што се создала политичка, правна и симболична основа за заедничка соработка“, нагласи амбасадорката.

Во однос на ЕУ, таа потенцира дека тоа е заедница на вредности: демократија, правна држава, независно судство, слободни медиуми и целосна еднаквост за сите.

„Тоа се вредности на кои ЕУ почива како целина и тоа е и нашиот слоган „единство во разноликост“. Не смееме да толерираме во земји членки да има развои кои се далеку од тие вредности“, истакнува Холштајн.

Претседателот на Владата Зоран Заев вчера порача дека Владата има единствен став за дијалогот со Бугарија, а тоа е во овој период да работи на Акцискиот план, кој значи создавање позитивна клима, унапредување на соработката, но и позитивна клима за политичките прашања.

„Сензитивни прашања не се решаваат во предвечерието на избори“, истакна премиерот Заев во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Тој потенцира и дека ние не смееме да си дозволиме да испратиме порака дека за нас постои алтернативно решение, освен полноправното членство во ЕУ, кое го поддржуваат 75 отсто од граѓаните.

„Ние со ЕУ имаме 1 отсто царина, ние сме во европскиот пазар. Ако ги подигнеме и имплементираме европските стандарди дома, ние ќе бидеме комплетно дел од тој заеднички европски пазар и затоа Европската економска заедница не е алтернатива за нашето членство во ЕУ. Само од нас зависи колку ќе ги кренеме нашите перформанси дома. Ги намаливме царинските давачки за ЕУ согласно Договорот за стабилизација и асоцијација и Светската трговска организација, и сето тоа не прави ние да бидеме веќе внатре. Ние сме во голема мерка во европскиот пазар“, истакна премиерот Заев.

Запрашан за оспорувањето на македонската придавка, македонскиот јазик, идентитет, Заев е дециден дека за идентитетски прашања никаде во свет не се преговара, ниту пак ние ќе преговараме.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера во рамки на официјалната посета на Црна Гора, порача дека процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива, не само за земјите од Западен Балкан, туку и за државите од ЕУ и оти без разлика на предизвиците со кои сме соочени и на актуелната политичка конјуктура, процесот на заокружување и комплетирање на ЕУ е неминовност и затоа тука не се поставува прашањето дали, туку кога.

„Со оглед на напредокот и подготвеноста сметам дека Северна Македонија требаше да ги почне преговорите за време на германското претседателство минатата година и овој неуспех го сметам во најмала рака заеднички неуспех и на ЕУ иако тоа беше силна порака која предизвика длабоко разочарување, но сепак тоа не не обесхрабри и како што гледате активно продолжуваме да придонесуваме во европската идеја на Балканот и за европската перспектива, како на нашата земја така и на целиот регион“, рече Османи на заедничката прес-сконференција во Подгорица со неговиот домаќин и црногорски колега Ѓорѓе Радуловиќ.

Тој се осврна и на, како што рече охрабрувачките пораки за проширувањето од страна на португалското претседателство со ЕУ во однос на почетокот на преговорите со Унијата, како и на следното претседателство на Словенија во втората половина од годината, која е земја непосреден сосед во регионот и гласен поддржувач на процесот на проширување.

Во контекст на евроинтеграцијата, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров вчера ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ (acquis), како еден од најважните предуслови за членство на земјава во Европската Унија.

Според вицепремиерот Димитров, acquis-то или правото на Европската Унија, е корпус на заеднички права и обврски што се обврзувачки за сите земји членки на ЕУ, а земјите кандидатки мора да го транспонираат во националното законодавство како темел на европската интеграција.

„Ако овој термин, acquis, во корените на своето значење од францускиот јазик, всушност претставува „знаење, стекнато право или наследство“, преку неговиот превод на македонски јазик ние создаваме наследство за нашата иднина и иднината на нашите поколенија. Наследство кое значи дека македонскиот јазик ќе стане рамноправен член во семејството на Европската Унија“, нагласи Димитров.

Тој потенцира дека СЕП интензивно започнува со една од фазите на транспозиција на правото на ЕУ во националното законодавство, а тоа е преводот, кој во случајов ќе биде многугодишен и најобемно реализиран превод воопшто во историјата на специјализираниот превод кај нас. За таа цел, по пат на јавна набавка и транспарентно, врз основа на еднаков третман беа избрани 15 економски оператори за превод, кои ќе треба да испорачаат најквалитетни резултати во контекст на превод на правото на ЕУ.

Во меѓувреме, Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, постигна напредок на вчерашната онлајн средба, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба.

Како што соопштија за МИА извори од Комисијата, двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на 10-та средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот. Во периодот до наредната редовна средба, која начелно е договорена да се одржи на 25 и 26 февруари, ќе се продолжи со работа во однос на останатите прашања од записникот од 10-та и за записникот од последната, 11-та средба на Комисијата.

Годинава се очекува Комисијата да има пет состаноци. Претходниот, 11-ти состанок на Заедничката комисија се одржа на 4 декември, минатата година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ