• Latest
Britain's Prime Minister Boris Johnson delivers a speech during the opening ceremony of the UN Climate Change Conference (COP26) in Glasgow, Britain, 01 November 2021. .  EPA-EFE/EMILY MACINNES / POOL

Пораки од првиот ден на Глобалниот самит за климата COP26

November 2, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Пораки од првиот ден на Глобалниот самит за климата COP26

November 2, 2021 10:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СВЕТ
Britain's Prime Minister Boris Johnson delivers a speech during the opening ceremony of the UN Climate Change Conference (COP26) in Glasgow, Britain, 01 November 2021. .  EPA-EFE/EMILY MACINNES / POOL

Britain's Prime Minister Boris Johnson delivers a speech during the opening ceremony of the UN Climate Change Conference (COP26) in Glasgow, Britain, 01 November 2021. . EPA-EFE/EMILY MACINNES / POOL

Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер Борис Џонсон на отварањето на глобалниот самит за климата во Глазгов , предупреди на климатските промени, метафорично велејќи дека светот во моментов е „поврзан за уред на судниот ден“.

Џонсон ја спореди ситуацијата со планетата со онаа во која тајниот агент Џејмс Бонд е врзан за бомба која може да ја уништи планетата, а тој се обидува да најде начин да ја деактивира.

Тој на светските лидери им порача дека светот „е приближно во иста позиција, само што сега уредот на судниот ден што отчукува е вистински“, а не плод на нечија имагинација.

– Имаме можност да ја деактивираме таа темпирана бомба. Да, ќе биде тешко, но да, ние можеме да го направиме тоа, рече британскиот премиер Борис Џонсон за време на воведниот говор на климатскиот самит на ОН COP26 во Глазгов.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на СОР26

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, говорејќи на отворањето на самитот истакна дека чукна последниот час за запирање на климатските промени.

-Или ние тоа ќе го запреме или тоа ќе не запре нас. И време е да се каже – доста. Доста беше самоубиства со јаглерод. Доста е да се однесуваме кон природата како кон тоалет. Доста беше согорувања, бушења, рударења, се подлабоко и подлабоко. Сами си копаме гробови, изјави генералниот секретар на ОН.

Тој укажа на важноста од постигнување на целта од 100 милијарди долари годишно за финансирање на заштитата на климата во сиромашните земји, како што беше ветено на самитот во Париз во 2015 година.

-Договорената финансиска обврска против климатските промени од 100 милијарди долари годишно за поддршка на земјите во развој мора да стане реалност. Ова е клучно за враќање на довербата и кредибилитетот, рече Гутереш, поздравувајќи ги напорите на Канада и Германија да ја постигнат таа цел.

Тој посочи дека покрај ветените 100 милијарди долари, на земјите во развој им се потребни многу поголеми ресурси за борба против Ковид-19 и имунизација и за одржлив развој.

-На оние кои најмногу страдаат, најмалку развиените земји и малите островски држави во развој, имаат потреба од итно финансирање. Повеќе јавни пари против климатските промени, повеќе развојна помош, повеќе грантови и полесен пристап до финансии, рече Гутереш, потсетувајќи дека земјите-членки на Г20 се одговорни за 80 проценти од емисиите на штетни гасови и затоа има поголема одговорност.

Тој изрази уверување дека богатите земји треба да дефинираат нови обврски секоја година, а не на секои пет години како досега.

-Да немаме илузии: ако нема конкретна посветеност за време на овој самит, сите земји би морале да ги преиспитаат своите национални планови и политики за климата, не на секои пет години, туку секоја година додека не се постигне целта од 1,5 степен Целзиусов, до престанок на субвенциите за фосилни горива, додека не се воведе данокот на емисиите на јаглерод и додека не се укине употребата на јаглен, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Тој ги поздрави плановите на голем број земји да достигнат нето нула емисии на јаглерод до средината на овој век.

-Се формира армија за климатски акции, предводена од млади луѓе и таа е незапирлива. Ги има се повеќе, се погласни и ве уверувам дека немаат намера да се повлечат и да си заминат. Стојам покрај нив, рече Гутереш.

Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон на СОР26

Американскиот претседател Џо Бајден рече оваа деценија ќе ја одреди иднината на климата на Земјата.

– Ова е одлучувачка деценија во која имаме можност да се докажеме, им рече Бајден на светските лидери на самитот COP26 во Шкотска.

– Глазгов мора да биде почеток на една деценија на акција и иновации за да се зачува нашата заедничка иднина, нагласи претседателот на Америка, земјата која историски емитирала најмногу гасови со ефект на стаклена градина.

Бајден рече дека климатските промени веќе го уништуваат светот и оти тоа веќе не е хипотетичка опасност, туку нешто што е видливо секој ден.

Преминувањето на зелените технологии демократот не го гледа само како „морален“, туку и како „економски императив“, како што покажува и актуелната криза предизвикана од големиот раст на цените на енергенсите.

Бајден тврди дека обновливите извори на енергија се постабилни на пазарот и оти преминот кон нив ќе отвори многу работни места.

Тој исто така нагласи дека САД ќе покажат дека „не само што се вратиле во игра, туку ќе водат со свој пример“.

– Знам дека тоа не беше случај. Затоа мојата влада работи прекувремено за да покаже дека тоа не се само зборови, рече Бајден, наследникот на републиканскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повлече САД од Парискиот климатски договор и укинуваше еколошки регулативи.

– Ние, кои сме одговорни за голем дел од уништувањето на шумите и сите проблеми што ги имавме досега, сме поодговорни и им го должиме тоа на другите народи. Не бевме. Мораме да помогнеме, многу повеќе отколку досега, заклучи Бајден во Глазгов.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на самитот на ОН COP26.

Државите мора да ја одредат цената на емисиите на CO2 предизвикани од климатските промени, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на самитот на ОН COP26.

– Треба да се договориме за цврст пакет на правила, на пример, за да ги направиме глобалните пазари на јаглерод реалност. Да се одреди цената на јаглеродот, природата повеќе не може да ја плаќа цената, рече таа.

Преговорите за изградба на пазар за трговија на емисии на јаглерод според Парискиот договор го доведоа до ќорсокак последниот самит на ОН за климата во 2019 година.

ЕУ вети дека ќе ги намали емисиите за најмалку 55 проценти до 2030 година во однос на 1990 година, а Фон Дер Лајен ги повика другите земји да се обврзат за поголемо намалување на емисиите во оваа деценија.

– Мора да дадеме силни ветувања за намалување на емисиите до 2030 година. Нулта нето емисии до 2050 година се добри, но не и доволни, рече таа.

ЕУ преговара за нови зелени политики и затоа е пред многу земји кои поставија цели за климата далеку во иднината, но сè уште не се изработени закони потребни за да се оствари тоа.

Предлозите вклучуваат постепено повлекување од продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година и лансирање на втор европски пазар на јаглерод за градежниот и транспортниот сектор.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика најголемите светски загадувачи веднаш да почнат да ги исполнуваат своите обврски за намалување на емисиите на јаглерод.

Макрон го бранеше наследството од Парискиот договор од 2015 година, но исто така призна дека земјите се далеку од исполнување на нивните ветувања да го задржат глобалното затоплување на 1,5 степен од индустриската ера.

– Знаеме дека сè уште не сме таму, рече тој на конференцијата за клима на Обединетите нации во Глазгов.

Според него, клучно за следните 15 дена е најголемите загадучи да ги зголемат своите амбиции.

– Тоа е единствениот начин да ја направиме нашата стратегија кредибилна… и 1,5 степен да ја направиме веродостојна бројка, истакна Макрон.

Истакнувајќи дека автохтоното население е првата жртва на климатските нарушувања и оти нациите во Африка, Пацификот и на Карибите се особено погодени, тој ги повика богатите земји да ја забрзаат фундаменталната трансформација на начинот на кој тргуваат и инвестираат.

Кинескиот претседател Си Џинпинг на Конференцијата на ОН за климатски промени COP26

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика учесниците на Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 да ги засилат своите напори за климата.

– Визиите ќе се остварат само кога ќе дејствуваме според нив“, напиша Си во изјавата лиферувана на почетокот на конференцијата.

Според извадоци од изјавата објавени од Ксинхуа, Си првично не даде никакви конкретни нови ветувања, но ги повика сите страни „да ги почитуваат своите заложби, да постават реални цели и визии и да дадат се од себе според националните услови, да ги реализираат своите мерки за климатска акција. “

„Развиените земји не само што самите треба да направат повеќе, туку треба и да дадат поддршка за да им помогнат на земјите во развој да постигнат подобри резултати“, изјави кинескиот претседател.

Сите вклучени страни треба да ја зајакнат меѓусебната доверба и да ја зајакнат нивната соработка за да се обезбеди успех на конференцијата во Глазгов.

Кинескиот претседател не отпатува за Глазгов,а, исто така, нема да одржи ни говор преку видео врска.

Индискиот премиер Нарендра Моди го искористи самитот COP26 за климатските промени за да соопшти дека неговата земја има намера да постигне нула емисии на јаглерод во 2070 година, две децении по крајниот рок за кој научниците велат дека е конечен за да се избегнат катастрофалните климатски последици.

Моди, сепак, ја бранеше Индија, посочувајќи дека таа „се придржува до своите климатски обврски“. Тој, исто така, истакна дека Индија има 17 проценти од светското население и е одговорна за само пет проценти од глобалните емисии.

Индискиот премиер им кажа на другите светски лидери дека Индија ќе го зголеми својот удел во обновливата енергија од околу 38 отсто минатата година на 50 отсто до 2030 година.

Индија, која моментално е трета во однос на емисиите на стакленички гасови зад Кина и САД, минатата недела одби да објави која е нејзината целна година за постигнување на нула нето емисии на јаглерод и порача дека е поважно за светот да одреди веродостоен пат за намалување на емисиите.

САД, Велика Британија и Европската Унија ја поставија 2050 година како целна година за нулта нето стапка, што значи дека дотогаш треба да испуштаат само онолку стакленички гасови колку што можат да се апсорбираат од шумите, плантажите, почвата и технологијата за складирање јаглерод која се развива.

Кина и Саудиска Арабија ја поставија 2060 година како целна година, но критичарите велат дека тие цели се бесмислени доколку веднаш не се преземат конкретни мерки. Научниците велат дека треба да се преполоват глобалните емисии до 2030 година и да се достигне нулта нето стапка до 2050 година за да се спречат најлошите ефекти од климатските промени.

Во својот говор, Моди повика и на глобални напори за воспоставување одржлив начин на живот.

– Наместо непромислена и деструктивна потрошувачка, потребна ни е свесна и промислена употреба“, рече тој, наведувајќи го изборот на потрошувачите од амбалажа до прехрана.

– Тие избори што ги прават милијарди луѓе можат да ја унапредат борбата против климатските промени, истакна Моди.

Британската кралица Елизабета Втора преку видео порака на климатскиот самит COP26

Британската кралица Елизабета Втора ги повика светските лидери на климатскиот самит COP26 да постигнат вистински државнички дух и да создадат побезбедна и постабилна иднина за планетата.

Таа во видеопорака рече дека многу луѓе се надеваат оти времето на зборови сега поминало во време за акција.

Британската кралица порача дека тие треба да се издигнат над политиката на моментот.

Таа истакна дека е многу горда на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип и другите членови на семејството поради поттикнување на заштитата на животната средина.

Кралицата Елизабета Втора требаше да присуствува на конференцијата на Обединетите нации во Глазгов, но претходно го сними своето обраќање минатата недела во замокот Виндзор, откако и беше советувано да се одмори по лекарски прегледи

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ