Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е обвинет од главниот обвинител на земјата за обид за државен удар откако беше поразен на претседателските избори во 2022 година.
Како што пренесува Би-би-си, на Болсонаро му беа поднесени пет обвиненија поради наводната обид да се спречи неговиот наследник, претседателот Луис Инасио Лула да Силва, да ја преземе функцијата по жестоката изборна трка.
Обвиненијата вклучуваат наводи дека тој планирал да го отруе Лула и да го застрела судијата на Врховниот суд, Александар де Мораес.
Болсонаро негира дека сторил нешто лошо и вели дека е жртва на политички прогон.
Советите на обвинителот сега ќе бидат разгледани од Врховниот суд. Доколку биде прифатен, Болсонаро и 33 други ќе бидат официјално обвинети и ќе мора да се соочат со судење.
Подготви: Д. Мишев