Поранешниот пакистански премиер Имран Кан, кој е обвинет за кршење на пакистанскиот закон за борба против тероризам, денеска е пуштен од притвор, соопшти официјален претставник на неговата партија Пакистанско движење за правда (ПТИ).
Засега не се познати деталите од судската одлука, но на Кан му е одобрено „привремено ослободување“ до 1 септември, истакна поранешниот пакистански министер за информации и член на ПТИ, Фавад Шодри.
Одлуката на судот за борба против тероризмот ќе му овозможи на Кан да продолжи со митинзите низ земјата, барајќи предвремени избори.
Кан е уапсен и обвинет по својот говор на 20 август, откако наведе дека властите го малтретирале неговиот близок соработник Шахбаз Гил, кој бил претходно приведен под обвинение за бунт.
Имран Кан е сменет од премиерската функција кон почетокот на април 2022 година по изгласаната недоверба во пакистанскиот Парламент. Оттогаш се организирани големи собири низ државата, критикувајќи ја Владата на актуелниот премиер Шехбаз Шариф, за која се смета дека му е наметната на Пакистан со американски заговор. Иако е сменет, Канат и понатаму има поддршка од голем број Пакистанци.
Г.Т.