• Latest
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025 12:51
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на CBC News

Фото: Скриншот од видео на CBC News

Share on FacebookShare on Twitter

Експлозија на бомба пред клиника за плодност во Калифорнија уби едно лице, а четири други беа повредени во „намерен терористички чин“, соопштија претставници на ФБИ, пренесува Би-би-си.

Експлозијата се случила непосредно пред 23:00 часот по локално време на помалку од една милја од центарот на Палм Спрингс, во близина на неколку бизниси, вклучувајќи го и Американскиот репродуктивен центар (ARC). Клиниката соопшти дека никој од објектот не е повреден.

ФБИ подоцна соопшти дека има „лице од интерес“ во својата истрага, но полицајците „не го бараат активно“ осомничениот.

ФБИ на брифингот во саботата изјави дека станува збор за намерен напад.

Шефот на полицијата во Палм Спрингс, Енди Милс, изјави дека експлозијата оштетила неколку згради, некои сериозно.

Тој додаде дека идентитетот на убиеното лице не е познат.

АРК во Палм Спрингс изјави дека експлозијата се случила на паркингот во близина на нивната зграда.

Градоначалникот на Палм Спрингс, Рон Де Харт, изјави за американскиот партнер на Би-Би-Си, Си-Би-Ес њуз, дека изворот на експлозијата „бил во или во близина на возилото“.

Клиниката за плодност изјави дека нивната лабораторија, вклучувајќи ги сите јајце клетки и ембриони, останала „целосно безбедна и неоштетена“.

„Спроведуваме интензивна безбедносна инспекција и потврдивме дека нашите операции и чувствителни медицински области не биле погодени од експлозијата“, се вели во соопштението на клиниката.

Според нејзината веб-страница, клиниката ARC е првиот центар за плодност со целосна услуга и лабораторија за ин витро оплодување (IVF) во долината Коачела.

Нуди услуги како што се евалуации на плодноста, ин витро фертилизација, донација и замрзнување на јајце клетки, репродуктивна поддршка за истополови парови и сурогат мајчинство.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека државата е во координација со локалните и федералните власти, додека американската државна обвинителка, Пам Бонди, изјави дека е информирана за инцидентот.

Tags: експлозијаПалм Спрингстерористички чин
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ