• Latest

Посакувам поинаков свет за студентите

November 17, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Посакувам поинаков свет за студентите

November 17, 2017 16:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден на студентите посакувам квалитет пред квантитет во образованието, отвореност, дискусија и убав проток на идеи. Би сакала да проговорам и да си посакам, како студентка, и да им посакам на сите студентки и студенти простор за отворена дискусија без калкулации дали мислењето на студентот ќе биде спротивно од она на професорот, па да не следат последици од типот на паѓање на испит, што е мошне чест случај во високото образование во Македонија.

Пишува: Софија Стојановска

Посакувам професорите да ме почитуваат како студент. Посакувам и да не употребуваат сексистички коментари од типот “Женава ме надзборе” , “Вие мажите можете слободно да си дојдете со папучки на предавање ако дозволите да ве надзбори жена” и уште цела една низа вакви фрази кои, ако не секојдневно, ги слушам секој втор ден на предавања.

Си посакувам да не добивам коментари за мојот физички изглед од страна на професорите. Коментари од типот на “Топ изгледаш” и “Имаш интересна фризура”.

Посакувам и моите колеги од машки или како што велат самите професори, од посилен пол да бидат третирани еднакво и покрај тоа што не им се привлечни на професорите. Знаете, забележав дека генерално оние што се сексистички настроени не се геј или бисексуални, што по дифолт ја исклучува “посилната” страна. Некако, не им се доволно убави на професорите за да добиваат такви убави  и пристојни коментари какви што добивам јас, на пример. Жално и дискриминирачки, независно дали јас или тие се во прашање.

Им посакувам на професорите покреативна настава што ќе ми го задржи вниманието од 8-15ч додека сум на предавање.

Посакувам е-услугите да функционираат нормално, и да не морам да запишувам семестар и онлајн, но и писмено, со еден куп формулари и уште поголем ред на чекање пред Студентски прашања.

На вработените од Студентски пак им посакувам една голема насмевка, затоа што некои од нив полека заборавиле и да ги движат вилиците. Главите им се длабоко нурнати во куп формулари и забораваат да бидат љубезни понекогаш.

Ама добро, па и тие вршат двојна работа, а се платени со само една плата.

На хигиеничарките им посакувам да не мора да им прават кафиња на професорите и да им купуваат појадок. Или ок, нека го прават тоа, ама не затоа што мораат, нели тие се нешто подолу од професорите (Да да, во Македонија сѐ уште живееме во класно општество), туку затоа што сакаат да го прават тоа. Од љубов.

И кога сме веќе кај љубовта им посакувам на сите студенти да не се селат од невозвратена љубов. Нека се селат во потрага по поквалитетно образование во кое жените и мажите се третирани еднакво, во кое ќе имаат простор јасно и гласно да ги споделат своите ставови и каде што ќе бидат вреднувани за своето знаење.

И ни посакувам уште многу маршови, затоа што само така ќе си се потсетуваме што преживувавме или преживуваме.

Епа нека е среќен.

Tags: Меѓународен денстуденти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ