• Latest

Посетата на Помпео е враќање на голема врата на САД во регионот, оценка на Пендаровски и Ѓукановиќ

October 2, 2019
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Посетата на Помпео е враќање на голема врата на САД во регионот, оценка на Пендаровски и Ѓукановиќ

October 2, 2019 15:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот во која се вклучени и Северна Македонија и Црна Гора претставува враќање на голема врата на САД во регионот, оценија на денешната прес-конференција во Скопје  претседателите на двете држави Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ нагласува дека посетата е на линија на зголеменото присуство на САД во нашиот регион нешто што го посакуваме, вели, и потсетува на помошта на Вашингтон во надминувањето на војните во поранешна Југославија, на склучувањето на Дејтонскиот договор, како и на поддршката од американска страна за земјите од регионот на патот  кон усвојувањето на европските и евроатлантските  вредности.

Во меѓувреме, нагласи, тоа внимание и попушташе, се случуваа и други надворешно политички приоритети и тоа во значителна мерка придонесе дел од проблемите кои се пренесени од времето на распаѓањето на екс Југославија да останат нерешени до денешен ден, пред се односите меѓу Белград и Приштина и нефункционалноста на Босна и Херцеговина.

-Очигледно ни е потребна помош и поддршка од американска и од европска адреса успешно да ги совладаме проблемите кои уште траат, да ја зајакнеме стабилноста, да ги реализираме реформите кои ќе помогнат да го усовоиме европскиот и евроаталнтскиот систем на вредности и да го достигнеме европскиот квалитет на живот. Во тој контекст многу е охрабрувачко засиленото внимание на американската администрација кон нашиот регион и ќе помогне во блиско време да ги надминеме проблемите пренесени од претходниот период и уште поодлучно да тргнеме на патот кон економскиот и демократскиот напредок, рече Ѓукановиќ.

Според претседателот Пендаровски, посетата е добра од повеќе аспекти имајќи предвид дека последна посета на вака високо политичко ниво се случи во 2001 година од страна на тогашниот државен секретар Колин Пауел.

Нагласува дека по 18 години имаме посета на вакво политичко ниво и тоа е се само не куртоазна посета, а заклучокот за значењето на посетата го извлекува и од, како што вели, структурата на неговата регионална посета.

-Прво оди во Италија која е една од клучните држави во целокупниот медитерански басен, потоа оди во Црна Гора – најновата членка на НАТО, доаѓа кај нас држава која за неколку месеци треба да стане 30  земја членка на Алијансата и ја завршува својата регионална посета со Грција која е една од клучните држави на јужното крило на НАТО. Значи не доаѓа во регионот заради тоа што е преостанато како проблем или предизвик да се решава, туку со оглед на земјите кои ги посетува значи дека доаѓа да им оддаде признание на оние кои и досега беа со години на евроатлантскиот курс посочувајќи ги тие вредности и принципи и кои со својот пример покажуваа и на својата околина во поширокиот регион дека тоа е најкусиот и најефикасниот пат кон изградба на демократско и просперитетно општество, рече Пендаровски.

За него симболика има и тоа што посетата на Северна Македонија се организира во Охрид.

– Се надевам  дека тоа значи враќање на голема врата на САД во регионот затоа што е неспорно дека сите клучни предизвици од нашата независност до денес за нашата земја беа решени со голема поддршка од САД. И убеден сум дека преостанатите прашања во регионот кои се многу битни и можат да значат и регионална дестабилизација ако не бидат решение на задоволство на сите нас во регионот не можат да бидат решени ако САД директно не се вклучени во сите тие процеси, рече Пендаровски./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ