пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Порано, за да објавите некое интервју или текст, требаше да го „одобри“ Мартин. Ако не, се знае – ендек. Сами уредници и новинари кажуваа примери како им се јавувале од разни владини и министерски кабинети. Слушнавме и во „бомбите“. А они не се бунеле, туку – слушале, извршувале, спружувале.
А денес? За да објавите интервју или текст, да ти требало да се бара дозвола од оние на кои им Мартин им менуваше насловни во печатница, од ерор 404 новинарите и уредниците?
Најдобрите послушници и ученичиња на Мартин вчера, прогласуваат ученици на Мартин денес, и кажуваат кој и за што треба да пишува.
Оти сè што не добива „дозвола“ од нивното „началство“, да ти било „нарачано“. Не дај Боже да чепнеш во интересот на нивните „шефови“, одма си спружен, како во најдобрите денови на Мартин. Од лично искуство пренесуваат, како ја сфаќаат и практицираат слободата на изразување. И вчера, и денес.