Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на чиј дневен ред е Утврдувањето на бројот на надворешни соработници по пратенички групи.
Седница ќе одржи и собраниската Комисија за образование, наука и спорт пред чии членови е Предлог-законот за високото образование, во второ читање.
Собранието на РМ ја најавува и посетата на делегацијата на норвешкиот Хелсиншки комитет во чии рамки ќе се одржи работна средба со Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата.
Извор: МИА