• Latest

Потребно итно професионализирање на дипломатијата, порача Советот на амбасадори реагирајќи за приведениот дипломат

September 5, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Потребно итно професионализирање на дипломатијата, порача Советот на амбасадори реагирајќи за приведениот дипломат

September 5, 2021 16:25
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на амбасадори денеска излезе со реакција во врска со приведениот македонски дипломат на границата со Србија, при што наведе дека во име на професионалните и етички стандарди и критериуми, ја изразува својата разочараност во врска со информацијата за меѓународната истрага врз дипломат од МНР и други лица кои во моментов не се во активна дипломатска служба.

-Како Здружение на граѓани кое во својот состав вклучува поранешни угледни дипломати од највисок ранг, Советот на амбасадори укажува дека оваа нерешена загатка кај македонската инертна и нереформирана дипломатска служба, не оди во прилог на меѓународниот углед на нашата држава, дури, дополнително го оптоварува и нашиот интегративен процес во ЕУ, се наведува во реакцијата.

Советот на амбасадори потенцира дека постојано укажува на обврската на македонското МНР (што со години се одолговлекува) дека единствен начин дипломатската служба успешно да придонесува во позитивните активности за подобро позиционирање на нашата држава на меѓународната сцена, е таа во брз рок да се професионализира и да се осовремени во нејзиното работење според меѓународните стандарди.

-Советот на амбасадори смета дека и за носителите на врвните функции во македонското МНР и во надлежните институции на државата, ако се потврди дека Министерството и институциите не реагирале професионално и навремено во аферата со македонскиот дипломат и издадената меѓународна потерница од Ерменија, ова е сериозен морален и етички предизвик за нив пред судот на јавноста, се додава во реакцијата. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result