Повеќе од 1.100 градови и села останаа без струја по 10-дневните руски напади врз украинските енергетски објекти.
Во изминатите 10 дена, Русија изврши околу „190 масовни напади со проектили, беспилотни летала – камикази и артилерија, во 16 украински региони и во главниот град Кијив, изјави на брифинг портпаролот на украинската служба за вонредни состојби, Олександар Корунзиј.
Досега останаа без електрична енергија 1.162 населени места во регионите на Днепропетровск, Кировоград, Житомир, Харков, Доњецк, Запорижја, Луганск, Миколаив, Херсон, истакна Корунзиј.
Според досегашните информации, во нападите загинале повеќе од 70 луѓе, а 240 се повредени.