• Latest

Повеќе од 72 часа пожртвуваност и хуманост на дело

December 7, 2019

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Повеќе од 72 часа пожртвуваност и хуманост на дело

December 7, 2019 09:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тимовите за спасување кои беа испратени да помогнат во Албанија по разорниот земјотрес од 6,4 степени се вратија во земјава. Повеќе од 72 часа работеа на комплексни задачи за да им помогнат на локалните власти во спасување на преживеаните од земјотресот и расчистување на теренот. За покажаната хуманост, пожртвуваност и професионалност беа одликувани од страна на нашата Влада.

Како соседна земја, Северна Македонија испрати тим координиран од Дирекцијата за заштита и спасување составен од 35 припадници на републичките сили за заштита и спасување, двајца припадници на Министерството за внатрешни работи заедно со кучето трагач Клеа и четворица припадници на Црвениот крст како логистичка поддршка. Од Град Скопје, како град на солидарноста, беше испратена дополнителна екипа составена од пожарникари и двајца експерти опремени со дронови со термални камери.

Кон Албанија биле испратени 12 возила меѓу кои и амбулантно возило и камион со хуманитарна помош. Тимот на ДЗС беше опремен со специјализирана опрема за детектирање и извлекување затрупани луѓе, како што се повеќе типови и видови пили, секири, планинарска опрема, ленти за дигање товар, јажиња за спасување, сонди, геофони, медицинска опрема…

Тимовите беа лоцирани во Драч, каде што работеа во исклучителни околности со цел да им помогнат на настраданите, но, за жал, не успеаја да извлечат преживеани под урнатините. Тимот од ДЗС пронајде починато машко лице во урната зграда, а тимот од Град Скопје не успеа да извлече живи две близначиња на возраст од две години, едно девојче, жена и едно постаро лице инвалид од под урнатините на една куќа.

– Веднаш по нивното пристигнување, тимот ја доби првата задача – претрага на лица во урната зграда. По извршената проценка и лоцирање под урнатините со пробивање е извадено телото на веќе починато машко лице. Телото им е предадено на локалните власти, вели во изјава за МИА директорот на ДЗС, Аднан Џафероски.

Тој е задоволен од професионалноста што на терен ја покажаа републичките сили за заштита и спасување, а се надева дека и државата е горда на стручноста и пожртвуваноста што ја покажаа нашите тимови.

– Во изминатите две години тимовите за брз одговор вклучувајќи ги и Републичките сили беа реформирани и реорганизирани и во контиунирана редовна обука за ваков тип несреќи. Јас лично како прв човек на Дирекцијата за заштита и спасување сум задоволен од покажаниот успех на членовите на Републичките сили за заштита и спасување во Република Албанија, а верувам дека и нашето општество се гордее со нивниот ангажман, вели Џафероски.

Потрагата и спасувачките операции по преживеаните од земјотресот што ја погоди Албанија официјално беа завршени на 30 ноември.

Благодарност за помошта и пожртвуваноста испрати лично и албанскиот премиер Еди Рама.

– Не можам да најдам зборови за да искажам колку ни значеше таа поддршка… Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев… да не ги споменувам нашите браќа од Косово. Брилијантно, рече неодамна Рама, кој се заблагодари и за пораките за поддршка од Унгарија и Романија, потсетувајќи дека романскиот тим за спасување дошол во Албанија самоиницијативно.

Во земјотресот во Албанија, според последните податоци, загинаа 51 лице, а повеќе од 900 се повредени. Последните бројки со кои располага албанската Влада се дека 5.497 домови се тешко оштетени, а 3.135 граѓани се евакуирани. Оштетени се и 12 здравствени центри и простории за итни случаи во Круја, Драч, Лач и Тирана.

Рано утрото на 26 ноември во 3:55 часот Албанија ја погоди земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Оттогаш се регистрирани над 1.300 помали потреси. По земјотресот во Албанија почна да пристигнува хуманитарна помош од соседните држави и повеќе земји од Европа. Покрај тимови за спасување, беа испратени и екипи составени од сеизмолози, кои треба да им помогнат на албанските колеги во увидот кои објекти се безбедни, а кои не.

Земјотресот во Албанија е само еден во низата примери дека природните катастрофи ги обединуваат луѓето. Тогаш не е важно кој си и што си, најважно е да се спаси човечки живот.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ