Здружението за развој на општеството и животната средина „Акта нон верба“ од Скопје и Амбасадорот на Државата Израел за Македонија, Н.Е. Дан Орјан, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, свеченото ќе ја отворат изложбата „Повеќе од должност – дипломати, препознаени како праведници меѓу народите“, проект на Јад Вашем од Ерусалим, Израел.Отворањето на изложбата ќе се одржи во Културно-информативниот центар-КИЦ на 25 јануари, петок во 18:00 часот.
Настанот е со цел оддавање почит на жртвите на Холокаустот од Втората светска војна, геноцидот што резултираше со смрт на околу 6 милиони еврејски луѓе, 5 милиони Словени, 3 милиони етнички Полјаци, 200.000 Роми, 250.000 ментално и физички инвалидизирани лица и 9.000 хомосексуалци од нацистичкиот режим и неговите соработници.
Б. Ј.