Најдоцна до 31 мај 2020 секоја држава членка преку својата национална комисија за УНЕСКО може да поднесе до УНЕСКО најмногу седум проекти од петте главни програмски области и еден регионален проект. За да може Националната комисија за УНЕСКО да ги достави предлог-проектите согласно со предвидениот краен рок, потребно е најдоцна до 5 мај 2020 правните лица да и ги достават пополнетите формулари на англиски или француски јазик, како и на македонски јазик.Носител на проектот се правни лица кои можат да обезбедат негова квалитетна имплементација. Проектот треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за петте главни програмски области за периодот од 2020 до 2021 година (содржани во документот 40 С/5 Буџет и програма 2020-2021 (https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000367155).
Во објавениот повик се содржани информации за буџетите во согласност со нивото на проектите (национални, регионални, субрегионални и интеррегионалните), рокот до кога ќе треба да се реализираат одобрените проекти и начинот за доставување на предлозите до Националната комисија на УНЕСКО.