Пo нотираните слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид, УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата на светски богатства во опасност.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Чија е одговорноста за губењето на статусот на Охрид во УНЕСКО?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа