По Хрватска и Црна Гора, повик за бојкот на продавниците поради високите цени има и во Македонија.
Граѓаните низ социјалните мрежи се договараат во петок да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.
На социјалните мрежи се споделува и фотографија која повикува на бојкот на маркети на 31.01.2025 (петок) под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и зошто ќе се приклучите кон најавениот бојкот на маркетите во петок?
Редакцијата на ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа