По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери. Следуваа реакции од премиерите на Шведска, Канада, Хрватска, Шпанија и Полска, на претседателот на Франција, на германскиот Канцелар, на Претседателката на Европската Комисија и уште од многу други реномирани европски и светки политичари. Реакција засега нема од македонските политичари.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: На што се должи молкот на македонските политичари за ситуацијата меѓу САД-Украина-ЕУ-Русија?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа